Фудбал

Ѕвездата на Атлетик Билбао со танц се запозна со репрезентацијата на Гана

После долго размислување, доскорешниот шпански репрезентативец и легенда на Атлетик Билбао (роден во главниот град на Баскија од африкански родители-бегалци), реши да заигра за репрезентацијата на Гана. Неговите водат потекло од Гана каде сега ќе игра за тамошната селекција. На запознавање, како што е редот, како новајлија мораше да отпее песна или одигра танц.

Снимка од дебито на Пандев за Македонија со коментар на Зоран Михајлов

Историјата вели 6 јуни, 2001, стадион Бурса Ататурк. Турција против Македонија, квалификации за СП 2002. Резултат 3:3, стрелци за нашата репрезентација Артим Шаќири, Жарко Серафимовски и Игор Саша Николовски. Во 66-та минута со број 17 влегува 17 годишниот член на Беласица, Горан Пандев. Клип за аналите.

Екскурзија по стадионите на кои ќе се игра Светско првенство во Катар

Целата светска јавност полека се спрема за најголемиот спортски настан годинава - Светско првенство 2022 во фудбал кое ќе се игра во Катар.

Сите чудесни голови на најпотценетата 9-ка на свет

Триесет и пет годишниот француски шпиц Оливие Жиру често е во втор план и во сенка на тешкаши како Левандовски, Бензема, Лукаку... Ама човекот се надава толку многу голови и толку многу евроголови низ кариерата, што стварно е чудно како за него не се зборува повеќе.

Каде ќе живее Пандев, какви планови има со Академија Пандев и што би работел?

Смирен, спокоен, задоволен од тоа како помина, речиси блескав. Без зборови со отров за никого, само благодарности. Великанот се збогува со играње фудбал, а тоа го прави со лесно срце.

А сега одиме до бразилска фавела да видиме каков е амбиентот таму

„Почитувани гледачи, пред мечот од турнирот во мал фудбал на теренчето со вештачка трева, публиката громогласно ги поздрави играчите кои излегоа на загревање“. 

Шевченко му ја предаде украинската капитенска лента на Левандовски за мундијалот во Катар

На стадионот Народови во Варшава се случи невообичаена средба на двајца фудбалски спајперисти, Андриј Шевченко и Роберт Левандовски. Ѕвездата на Барселона порача: Мора да се поддржат нациите кои се борат за слобода.

Шишај ме како Роналдо, ама не како стариот

Дебелиот беше толку неверојатен со топка што беше права милина да се гледа. И толку многу го сакавме што како год да се ишишаше, сè ќе му беше простено. Ама така не мислат и новите генерации кои не го фатија.

Јувентус цели 25 години не бил вака бос на гостувања

Некогаш апсолутниот хегемон во италијанскиот фудбал, веќе некое време не може да се пронајде себеси, ниту на терен ниту горе во управа и спортски сектор. Нешто не штима кај „Старата дама“ а навивачите уште од старт на сезоната губат трпение.

Уникатната приказна за ФК Слободен, нов клуб создаден преку познанства од скопските маала

Дечките се веќе хит со самиот начин на кој одлучиле да му го дадат името на клубот, а уште го немаат одиграно ниту првиот официјален натпревар. Идејата доаѓа од Франција, прекрасните црвени дресови од Германија, тренерот е од ФК Вардар, а тимот ќе го најдете во Кисела Вода. На позицијата „админ на Твитер“ имаат голем и докажан играч.

Детето хит во Молдавија што се избори да стигне до Роналдо

Mанчестер Јунајтед со 0:2 го победи Шериф во Лига шампиони на стадионот Зимбру во градот Кишинев. Во Молдавија, како и во секоја земја кога доаѓа голем тим како Јунајтед јавноста беше на нозе. Стотици навивачи сакаа да се сликаат со Роналдо, ама само едно дете ја имаше таа среќа.

Нов метод на тренинзи кај Шпанците, со токи-воки

Шпанците се во многу незгодна група на Лига Нации, со Португалија, Чешка и Швајцарија. „Црвената фурија“ е прва со 8 бода пред Португалците со 7. До крајот, во последните две кола Шпанија ја пречекува Швајцарија и гостува кај Португалија. На еден од последните тренинзи селекторот Луис Енрике ја испробал новата метода на тренинзи со токи-воки.

Алжирец го повтори атрактивниот гол на татко му постигнат во финале на ЛШ

Се работи за една подзаборавена петица која ретко се гледа во обичен натпревар, а не па во финале на ЛШ. Се случи во Виена 1987 каде Порто ја освои европскатата круна откако го доби Баерн со 2:1. Атракцијата е дело на Раба Маџер, а ја ископира син му Лотфи Маџер кој има 20 години и настапува за катартскиот тим Ал Духаил. Ќе ги видите и двата гола во видеото.

Редарот на Бетис е појак и од маскотата

И зголемете му ја дневницата, бидејќи никој друг не го одржува вака редот на стадион како него. 

Списокот на правила на Маскерано за младинците на Аргентина

Хавиер Маскерано е нецела година селектор на Аргентина У-20. И покрај тоа што ова му е прво тренерско искуство, тој веќе наметнува свој стил на работа и се обидува од дечките да направи саглам луѓе за во иднина.

Стручњакот за задржување време

Девет секунди, девет, кој ти ги дава во ситуација кога ти гори под нозе и едвај чекаш судијата да дувне крај во тоа свирчето.

Тик Ток будалаштина за Пеп со македонските девојки

Чувте ли за новиот фудбалски клуб ФК Слободен? Освежување на македонската фудбалска сцена за кое ви најавуваме детаљи за утре. Деби сезоната ја стартуваат викендов, а на Твитер веќе газат.

Пикси за врвните пофалби од Батистута: Мора да сте го опијаниле

Селекцијата на Србија се подготвува за септемвриските предизвици во Лига Европа против Шведска и Норвешка во Лига на нации. Селекторот Драган Стојковиќ доби прашање да ја искоментира изјавата на Габриел Батистута кој го спореди Пикси со Пеле, Марадона и Кројф.

Лео Меси пак е оној стариот добар Меси

Фудбалерите на ПСЖ со 0-1 со гол на Меси во 5’ минута славеа на гости кај Лион во големото дерби на француската Лига 1 и после 8 кола имаат учинок од 7 победи и 1 реми со гол разлика 26-4. Со 22 бода ПСЖ е лидер пред Марсеј кој има два помалку. Лионел Меси сезонава е оној стариот, препознатлив, врвен. Нејмар е прв стрелец со 8 гола, Мбапе има 7 во Лига 1 а Лионел и Нејмар имаат по 7 асистенции.

Знаеш дека си снимен со камера, така?

Месец на фудбалски глумци, ама врвни кои веќе од смешни почнуваат да стануваат и банални. Ова е трета по ред од ваков ранг, а ја режира Џасер Кмири од Тунис кој настапува за Сан Антонио во втората американска лига. Мора да има казни за вакви трагикомичари.

Дриблингот на Карвахал против Гризман е хит на социјалните мрежи

Реал Мадрид го доби Атлетико со 1:2. Потег број 1 од големото градско дерби е дуелот Карвахал - Гризман, а воедно и инспирација за твитерџиите кои изработија клип за мајтапење.

Уште се тресе пречката на Калулу на Сан Сиро

Милан викендов го забележа првиот пораз сезонава во Серија А од Наполи со 1:2. На 5 минути до крајот пропуштија шанса која сите ја видоа во гол. Шутираше дефанзивецот Пјер Калулу.

Голман доби црвен картон поради цупкање во место пред пенал

Чудни се понекогаш судиските одлуки, било да се тоа со ВАР или не. Во француската трета лига, голман се загреваше пред пенал на малку потемпераментен начин и на крај доби црвен картон, а таман се потсмири.