Фудбал

Разликата на славење титула во Милано и Манчестер

Наративот на оние кои упорно верглаат дека англиско е најјако, а италијанско тапа е по малку неоснован муабет со субјективност во ставовите. Тие што ја држат обратната теза може да се фатат за овие разлики, па да прашаат, а сега каде гледате поголема навивачка страст, во Милано или Манчестер? Така што, релативна работа е тоа дечки, па дури би рекле и непотребно правење споредби. Не умира шмекот на италијанско, ај ти. Секој со своите страсти и симпатии.

Чувството кога ќе го исчашиш голманот со пласирана

Додека на европско тло од ЛШ остана уште финалниот натпревар кој ќе го гледаме на 28-ми, кај јужноамериканците за два дена ќе стартува нокаут фазата од Копа Либертадорес. Еден од осминафиналистите е Емелек од Еквадор кој со 7:0 го распарчи Индипедиенте Петролеро од Боливија. Извесен Родригез ептен си го направи ќеифот.

Девојка ставила 100 фунти на квадрипул на Ливерпул, на 20 минути пред крај ѝ нуделе 95.000 за тикетот

Тања Хенли, голема навивачка на црвените од „Енфилд Роуд“ пред почетокот на сезоната, кога ретко кој помислуваше нешто да прогнозира, ставила 100 фунти на тоа дека нејзиниот омилен Ливерпул сезонава ќе освои таканаречен квадрипул - четири титули, односно трофеј на секој фронт.

Ибра го гаѓаше Жиру со прслук, а Тео ги палеше навивачите да пејат против Чалханоглу

Милано е во транс откако шампионите се вратија од гостувањето против Сасуоло каде го заверија Скудетото број 19. Душа му извадија на Хакан, а играчите држеа и транспарент насочен кон градските ривали за кои се отвори истрага.

Моќен говор на Ибра по кој полуде цела соблекувална

Централна фигура во Милан изминативе две и пол сезони е 40 годишниот Златан Ибрахимовиќ, кој ќе треба да го клонираат ако сакаат да им ја држи соблекувалната и во иднина. Снимкава е направена после завршувањето на мечот против Сасуоло. Прво сите го слушаат внимателно, а потоа ерупција.

Големото срце на Жиру, кој од меден месец брзал да стигне на проштален меч на пријател

Францускиот центарфот е една од клучните фигури сезонава во Милан кој му даде два гола на Сасуоло вчера, ама и на Интер во меѓусебната пресметка за титулата. Шампион е и на терен, ама и во душа.

Во Серија А има тренер-спасител кој спаси 4 тима од испаѓање, сега ќе одел пешки до Рим 300 км

Колку што е симпатична приказната на Милан за шампионска титула, толку е необична и сторијата за спасот и опстанок на Салернитана, тимот од југот.

Убавицата која случајно се удри со пехарот

Речиси вековна традиција во Италија е титулата, трофејот за шампионот на терен свечено да го донесат прекрасни модели. Така беше и овојпат во Сасуоло, каде убавицата имаше мала незгода со големиот пехар па се удри во глава. За среќа мина без последици.

Реакцијата на Мертенс кога му свиреа додека потпишува автограми

Најдобриот стрелец во историјата на Наполи застана фино лепо да им учини на навивачите, ама тој позади него му правеше тензија. Белгиецот им даде јасни инструкции што треба да му покажат.

Јунакот кој на Пеп Гвардиола му ја донесе титулата, 6 години живеат во иста зграда, му заѕвонил само еднаш на врата

Во повеќе од милијарда фунти потрошени на трансфери, Пеп Гвардиола лесно би можел да заборави дека негова прва аквизиција во Манчестер Сити беше Илкај Гундоган.

Зинченко го покри трофејот со украинското знаме и му го посвети на својот народ

Олександр Зинченко ја заврши најтешката сезона во кариерата и имаше наплив на емоции за време на прославата на шампионската титула, исто така веројатно најтешка откако игра фудбал.

Сите магични потези на Давид Бабунски сезонава

Браќата Доријан и Давид конечно после многу разни дестинации, заиграа за ист клуб - унгарски Дебрецен. Патиштата им се вкрстија неодамна а клубот на крајот ја заврши сезоната на 7. место од 12 клуба.

Босанска лакрдија, навивачи му влегоа на играч со шамари и клоци затоа што испаднале од прва лига

Одиме со третиот балкански циркуз ова коло од кои втор со насилство. Рудар загуби дома 2:5 од Радник Бјелина во првата босанска лига, која е очигледно дива лига, бидејќи има недостиг од основна работа на стадион, а тоа е полиција. Рудар испаѓа од лига, а фудбалерите јадат ќотек од навивачите кои им ги соблекуваат дресовите. 

Офсајд лик на сезоната: Хакан Чалханоглу

По нашки е Офсајд лик, инаку му следуваат и други епитети како на пример малер, баксуз или најадекватно лузер на сезоната.

Гол шоу на Супер Марио кој даде 5 гола од кои еден ремек дело

Вие го мислите дека е веќе издишан, бидејќи после кариера во Сити, Ливерпул, Интер и Милан игра за Адана Демирспор, ама тој заврши како втор стрелец во турскиот шампионат со 18 гола. Балотели сезоната ја заврши со петарда против Гезтепе кој загуби 7:0, а во прво полувреме им стегна хет-трик за 11 минути. Одиме прво со велемајсторската рабона.

Златан мадафакр

Го освои последното Скудето на Милан 2011-та со Алегри, се врати и по 11 години го освои пак, овој пат со Пиоли на полни 40 години. Каков мангуп, со шампањ и пура се појави да слави.

Прв гол на Илија Несторовски сезонава, за малку ќе ја турнеше Салернитана во Серија Б

Во последното коло од Серија А, Милан со 0-3 на гости го победи Сасуоло и заслужено стигна до 19. скудето во својата клупска историја. Од друга страна, во борбата за опстанок, Салернитана после долги маки конечно дојде до прилика сама на свој терен да одлучува за спас и опстанок, но потфрлија против Удинезе.

Италија обоена во црвено и црно - Милан шампион по 19. пат!

Како и во англиската Премиер лига, така и во елитната италијанска Серија А во недела вечер се играше последното коло во кое се решаваше шампионската титула. Сосема заслужено ја освои Милан кој со 0-3 го совлада Сасуоло и ја задржа лидерската позиција пред градскиот ривал Интер.

Како на филм: Драма до последен момент, Манчестер Сити ја освои шампионската титула

Фудбалерите на Манчестер Сити ја одбранија шампионската титула во Премиер лига, па по славјето минатата сезона, и сега тимот на Пеп Гвардиола стигна до трофејот, но по многу драматичен пат до последни секунди. Како во 2012 со Агуеро.

Невиден циркус во прва лига на Бугарија, земја од Европска Унија

Во натпревар од најдобрата фудбалска прва лига на Бугарија меѓу Царско село и Локомотива Софија се случија неколку епизоди кои навистина делуваа нереално дури и за првенства од најзаборавените земји од третиот свет.

Моментот кога Ал Келаифи пред полн стадион соопшти дека Мбапе останува во Париз

Сагата со моментално веројатно најјакиот напаѓач во светот заврши уште пред да почне летниот период за трансфери. Килијан Мбапе го откачи Реал Мадрид. Ла Лига ќе го тужи ПСЖ.

Асистенцииште на Дарко Велковски

Со триумф од 1:0. Ријека го совлада Хрватски Драговољац во последното коло од хрватскиот шампипонат. Стрелец на победничкиот гол беше Колумбиецот Хорхе Обрегон уште во 2 минута, по извонредниот пас на Велковски.

Спортски потег за воодушевување, на Бернабеу имаше двоен шпалир

Реал Мадрид и Бетис ја завршија сезоната во Ла Лига со најдосадниот резултат 0:0, ама одржаа лекција за почит. Вие нас се испочитувавте за Купот, ние ќе ви вратиме за титулата. Ретко убави сцени.

Како може да се случи Серија А следната сезона да има 8 екипи во Европа?

Завесата во италијанскиот фудбал викендов ќе се спушти на мега возбудлив начин. Интер и Милан се борат за Скудето во последно коло, а доста неизвесно ќе биде и за излез на меѓународна сцена.