Булшит детектор

Општинско - црковен инцест

Како најлесно да се изгребеш 600.000 денари од општинските власти? Така што богоудно ќе им ги погалиш нивните локални „камбани“ и ќе им кажеш дека нивната власт е од Бога дадена. Од Бога дадена! Џизс, ова нашево никад во ништо нема да се оправи!

Просветно дело, какви се тоа цареви!

Ќе нè тужеле пошто сме го нарушиле нивното авторско право на тврдењето дека триаголникот е - квадрат. Дајте од тоа дрогите! 

ПР, златен тој

Винарија се, не се алхемичари. Ама затоа тука се медиумите, ПР-от и маркетингот за да изгланцаат. Како среброто на Стоби стана злато?

Мухамед сака да се пребројуваме

Ако нејќе Мухамед да му пише на Трендо, Трендо ќе му пише на Мухамед.

Апел за чиста Македонија!

Сосема свесни за срањето во кое подолго време се наоѓаме, сакаме да им се придружиме на сите што ѝ мислат добро на оваа земја и планираат да живеат во неа достоинствено и цивилизирано. И не, нема да се срамиме да го покажеме ѓубрето.

Треба благодарница?

Посветено на вистинските инспиратори на рубриката "Богати и славни".

Што ни е задачата, моличу лепо?

Добро е што Македонија нема нуклеарна централа. Зошто? Затоа што има премногу лудаци кои мртви-озбилни мислат дека треба да им кажуваат на вработените што да прават и каква им е задачата. Како, каде? На Фејсбук, нормално.

Цената на национализмот

Македонец ќе најде место храбро да порача "Шиптарите да си одат во Албанија". Храбар Албанец на истото место ќе му врати дека Македонците треба да си одат пошто ова било Албанија. И двајцата слепи за тоа кој "медиум" можат да си го приуштат за "дебата".

Кемтреилс во Скопје

Стварно, кога следниот пат некој во ваша близина ќе започне муабет за кемтреилс и како Американците нè трујат од небото (омиленото објаснување ни е дека нè трујат за неосетно да нè направат послушни, јер вака неотруени сме страв и трепет од бунтовништво), мавајте го со ова видео по глава, сè додека не му се разбистри тоа тиквата.  

Извинете ама ќе мора да ве однесеме на едно ужасно место

Една одвратна Фејсбук страница. Нема да ви покажуваме ништо, ама ако сакате да се сопре тоа, ќе треба да тркнете до таму.

Дедо Петар го најде Јуда

Едно видео од македонска црква во Австралија, колку да видите до каде се тие луѓе непотребно поделени, раскарани и закрвени. Главниот ИТ владика на МПЦ, човекот кој е жесток противник на сите технологии измислени после неговиот мобилен телефон, набркува човек од служба нарекувајќи го Јуда. Како денес се познава Јуда? По апаратот. Сè на сè, тажно. Ти доаѓа да ја жалиш.... австралиската полиција.

Каде се бушоните од Фејсбук?

Не е Фејсбукот крив. Будали секогаш имало исто, само што Фејсбук ни ги направи видливи. Запазете ја вие оваа комуникација.