Булшит детектор

Добро бе, мамата, пластика ли серете?

Ама стварно е неверојатно колку пластика оди по тоа Вардарот. Не-ве-ро-јат-но. Човек да помисли дека Вардар не тече затоа што му се тече, туку затоа што му се бега од нас. Просто е неможно цел овој куп да се прави човек по човек, или па да чекаме дрон и за ова?

Слушате кај шумат шумите, буките?

Не се секирајте, нема уште многу долго.

Клинички или Кинолошки центар?

Вообичаена дневна сцена (ноќе знае да биде појезиво) од Клиничкиот центар во Скопје, демек врвната медицинска установа на РМ. Десетина улични кучиња си бркаат работа, бранат некоја територија, си знаат тие што им е во главата. И после некој со патерици треба да помине низ таа „спорна“ територија. Или некој кому штотуку ми била соопштена лоша дијагноза. Или кој и да е, небитно. Да се разбереме: ова не е повик до лудаците да ги трујат кучињата. Ова е повик некому да му текне на луѓето.

Заслужуваме подобро високо образование?

Топ 13 „славни“ цитати од учебници за високо образование. Едни небулози, едно талибанство, чудесии. На пример, дека наркоманите се, меѓу другото, критизери и фалбаџии, или пак дека ако луѓето постанат хомосексуалци, човечкиот вид ќе престане да постои. Ко да некој некому со сила ќе му го земе газот и ќе му го постануе хомосексуален, па после така со сите и онда - паф! - ќе исчезнеме. Како бе вака? Како бе факинг вака??

За општина Чаир, вторпат

Во март забележавме дека сајтот на општината има само албанска верзија. Тогаш само линкавме до сајтот („Чаир е често еднојазично место“), ајде да не правиме драми, па да ни се накотат дебилни коментари за шиптари и каури. Може е моментален проблем, фушерајка, може македонската верзија само што не е пуштена.... Осум месеци подоцна, мислите дека на владетелите на Чаир им текнало дека таму има и Македонци? 

Ајде сељачаано скопска, ваш е градот

Пар видевца од секојдневната закрченост на скопските улици и како ајваните се снаоѓаат во такви прилики. Некои се прашуваат каде е полицијата да го расчисти сето ова, некои за истото веруваат само во метеор.

Нека одиме во триста лошки материни!

Имаше една легенда која велеше дека најавувачка на програма на МТВ (порано ТВ програмата ја читаа луѓе, ко вести), на времето го има најавено американскиот филм „Волшебникот од Оз“ како „Волшебникот од нула три“. Ние си мислевме дека е заебанција.

Џабе веземе

Пред неколку месеци го објавивме ова, пишувајќи „Македонија на 1167 метри надморска височина. Водата лек, воздухот лек, човечката глупавост бескрајна“. Сега имаме ново видео. Мислите некого го полазила мува?

Да го видите „Ој Вардаре, македонски“

Одиме на десната страна на Вардар, кај Градско. Случајот е пријавен до надлежните ама бидејќи тие, ако ги оставиш, ќе ти доловат невидени нивоа на тромавост, да го пријавиме случајот и кај вас. Арно вика човеков: и срамота и греота.

Побогу, Боки, врати се по старо

Искрено, нам ни е интересно како Боки 13 си игра со себе. Се ребрендира и ретушира, се бара, се пронаоѓа и пак се напушта (не ни се интересни оние кои тоа озбилно го сфаќаат). Све тоа супер. Ама за ова, пошто му е најважна одлука во живот, треба малку да се разбереме. Не така, Боки.

Македонец 2017

Вакви работи треба во етнолошки музеј да одат. Пар експонати, со наслов „Македонец, 2017“, како пресек на времето кое ни се падна да го живееме.