Навивачи

Необична случка со навивач кој се врза за стативата на Емирати

Во терминот за ЛШ, синоќа се играа и две средби од Премиер лигата. На мечот Арсенал - Ливерпул имаше необичен инцидент или како и да се вика ова.

Тренерот на Челси: „Ако главна дискусија во Парламент им е песна за Абрамович, тогаш што да кажеме“

Фудбалскиот клуб Челси е до тоа ниво тормозен од властите во Англија што секојдневно по некој бистар политичар дава идеја како „да се камшикува“ актуелниот европски шампион. Клубот сега не може да продава ни влезници за своите натпревари, а тренерот Тухел имаше добар одговор.

Навивачка инвазија во Мароко од која полицијата фати да бега

Мексико уште не може да се смири од групното лудачко навивачко насилие и ете ти ново во Мароко, овој пат со двојно повеќе повредени полицајци од ултраси.

Пред дербито во Сплит, Бед Блу Бојс ја обоиле ривиерата во сино, Торцида одговори

Хрватската лига никогаш од основањето не била поинтересна од сезонава. Пазете го ова: Динамо Загреб во моментов е прв со 53 бода колку што има и вториот Осијек со натпревар повеќе (26 меча). Ријека е трета со 52, а Хајдук четврт со 48. Четири клуба кои се борат за титулата, максимална неизвесност каква што немало никогаш.

Грмотевиците на Бернабеу на секој гол на Бензема

Дали реновираниот стадион на Реал Мадрид е станат поакустичен или нешто друго е во прашање, ама на реваншот од 1/8 финалето во ЛШ навивачкиот хук одекнуваше како ретко кога. Особено после секој од трите гола на јунакот Карим Бензема.

12-от играч на Реал Мадрид

Ништо не навестуваше дека кралевите синоќа во последните 30 минути ќе го уништат патот на ПСЖ до трофејот, на кој целат веќе неколку години откако изградија дрим тим со арапски пари. Ама Реал е Реал. Има непроценливо искуство во ЛШ, моќ, ама и верни навивачи кои се ветер во грб за играчите. Пред мечот ги мотивираа како пред финале.

Навивачки судир меѓу хулигани на Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт

Вест Хем Јунајтед после долги години игра во Европа и стигна до нокаут фазата во Лига Европа. Таму вечерва ги чека шпанска Севиља. А во истоимениот град синоќа Ајнтрахт на гости го совлада Бетис со 1-2. Се оправда ризикот на УЕФА од потенцијални навивачки нереди во градот. На централните градски улици се судриле германски и анлгиски навивачи.

Одредени се казните за крвничкото лудило во мексиканскиот фудбал

Извршниот комитет на Мексиканската фудбалска федерација удри силно против вандалите кои можат да се простат од одење на стадион, а управата и газдата од клубот.

Моќна порака на Чкембари на дуелот со АЕК Атина

Паралелно со трансформацијата на Еуфофарм Пелистер и убавите партии и резултати на европска сцена, во топ форма се и битолските навивачи кои прават одлична атмосфера.

Француска YNWA за фудбалски сладокусци

Навивачите за Ленс важат за едни од најверните во францускиот фудбал. Го бодрат клубот секаде, во кое било време и било каде. Екипата во моментов е на 10. место во Лига 1 но поблиску е до зоната која води во Европа отколку кај границата за испаѓање. Навивачите пред секој меч ја пеат песната „Les Corons“, регионална химна за минерите од северна Франција.

Редарите на Штутгарт кај Кличко да не тренирале?

На меч од Бундеслигата викендов на трибина имаше бокс партија меѓу редарите на Штутгарт и навивачите на Борусија Менхенгладбах. Ги добија уште во прва рунда.

Авион со парола Cats Lives Matter леташе над стадионот Енфилд Роуд

Навивачите и јавноста во Англија никако не му го забораваат испадот на дефанзивецот на Вест Хем Курт Зума кој се појави на видео во кое се гледа како насилно ја рога и шутира својата домашна мачка. Спонзори му раскинаа договори, а синоќа го пецнаа и на „Енфилд Роуд“.

Еврогол на дербито Жељо - Сараево

Откако ја започна авантурата на клупата на Сараево со две идентични победи со 2:0, Александар Васоски денес со двајца Македонци во тимот загуби со истиот резултат во големото градско дерби со Железничар. Армин Хоџиќ го отвори резултатот во 31' минута а искусниот Ермин Зец постигна фантастичен погодок за конечни 2-0 во 90' минута.

Картите отидени како алва, Италија - Македонија пред скоро 30.000 гледачи

Само два часа по пуштање во продажба, 26.000 влезници биле експресно продадени онлајн и на билетарниците на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Сицилијанците се желни за фудбал, особено што во градот после долго време им доаѓа нивната селекција која минатото лето стана европски шампион.

Навивачите на Црвена Звезда со поддршка за Русија

Додека многу навивачки групи и дадоа поддршка на Украина, која веќе 10 дена трпи агресија и бомбашки напади од Путин, навивачите на Црвена Звезда тераат контра.

Како да им направиш забава на навивачите на полувреме?

Кај нас на стадион на пример уште сме со концепт од 90-те. Пушти го Јонче Христовски и ќе поминат 15 минути уз семки. На хокеј во САД ќе ве најдат ако личите на некој познат.

Судијата кој се реши да му даде Зиданка на вулгарен гледач

Шкотска аматерска лига. Дуел меѓу екипите на Стенли Атлетик и Порт Јунајтед Глазгов. Некој од публика му дофрлал на судијата кој решава да го реши со глава.

Големи ривали на трибина, ама обединети против Путин

Од нападите на Русија во Украина се згрозени многу навивачки групи. Меѓу нив и навивачите на Легија Варшава и Висла Краков, кои веројатно никогаш претходно немале согласност за нешто друго. Грмеа во еден глас против Путин на големото полско дерби.

Бед Блу Бојс со поддршка за украинскиот народ

Стефан Ристовски и Аријан Адеми синоќа ја завршија европската авантура со Динамо Загреб, кој беше кус за еден гол, вреден продолженија против Севиља. На трибината на хрватските навивачите можеше да се слушне и види поддршка за Украинците.

Навивачите на Фенербахче со песна удрија против Путин

Фенербахче синоќа и гостуваше на Славија Прага во меч од Конференциската лига, но некои твитерџии тврдат дека видеово не е од вчера и дека е старо. Како и да е, пораката е јасна.

Атмосфера за паметење пред Ванда Метрополитано

Навивачите на Атлетико Мадрид синоќа беа во топ форма, а пред дуелот со Манчестер Јунајтед ноќта ја претворија во празник за уживање. Да не знае човек дали е поубаво на стадион или надвор кога пристигнуваа фудбалерите. Феноменална атмосфера. Мислиш веќе ја освоиле ЛШ.

Навивачот на колото ни доаѓа од Македонска Каменица

Пролетните температури во февруари не може да изненадат толку, колку што може еден ваков изум како замена за наочари. Него успеал ли некој да го сликне и од напред?

Оваа да не му е баба на Пабло Ескобар?

Други погледи имаат во Јужна Америка кон фудбалот, а на бабава не и се јасни некои работи околу прославата на голови. Тешко на дедото дома со ваква.

Навивачите на ПСЖ беа во транс по голот на Мбапе

Иако 1:0 не е никаква гаранција особено не против Реал, сепак победа е победа, а Лига на шампиони е празник кој треба да знаеш да го славиш. Навивачите на ПСЖ знаат и беа во страшна еуфорија на крај.