Дојче Телеком ја одбрани позицијата – највреден телекомуникациски бренд во Европа. Компанијата исто така е прогласена за втор највреден германски бренд во светот по Mercedes-Benz. По нив следуваат BMW и Volkswagen. Amazon е прогласен за највреден бренд на глобално ниво, а зад него се наоѓаат Apple и Google.
Според рангирањето на Brand Finance Global 500, Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 46,26 милијарди долари. Тоа е зголемување од 15,2 проценти во споредба со претходната година. Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот континуирано расте и се зголеми за импресивни 420 проценти.
Во Македонија, највредниот европски бренд е присутен преку Македонски Телеком, што е дел од Дојче Телеком Групацијата од 2001 година.
Секоја година Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилноста на стратегијата. Компанијата успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, со долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.
Информации за Brand Finance Global 500: www.brandfinance.com
(комерцијален текст)