- Петтата генерација на Sportage гледа кон иднината со елегантен, но мускулест и модерен надворешен дизајн
- Новата внатрешност ги меша ергономскиот распоред и најновите технолошки иновации за да создадат инспиративен простор
- Новата дизајн филозофија на Kia - „Обединети спротивности“ e во срцето на младешкиот изглед на Sportage
Kia Corporation денес ги откри официјалните слики на целосно новиот Sportage, модел кој е внимателно изработен за да ги инспирира клиентите со својот ентериер и надворешен дизајн.
Екстериерот ги предизвикува нормите за дизајн и го придвижува идентитетот на Sportage во следната генерација, истовремено оддавајќи почит на неговото богато наследство. Затегнатите и остри линии се брануваат по рафинираното тело. Во исто време, чистите, но мускулести површини ги здружуваат силите со сложена графика за да му дадат на динамично и наметливо присуство на патот.
„Новиот Sportage им даде огромна можност на нашите талентирани дизајнерски тимови да направат нешто ново. Основата на инспирацијата е од неодамнешното ребрендирање на брендот, кое има за цел да ги инспирира клиентите преку модерен и иновативен дизајн. Со целосно новиот Sportage, ние не сакавме едноставно да направиме чекор напред, туку да преминеме на друго ниво во класата“, коментира Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн. „Кога ќе го видите целосно новиот Sportage, со неговиот елегантен, но моќно динамичен став, и кога ќе седнете во кабината, ќе видите дека сме ги постигнале тие цели и сме поставиле нови стандарди. Во комплетно новиот Sportage, веруваме дека можете да ја видите иднината на нашиот бренд и нашите производи“, додаде тој.
Откриена на почетокот на оваа година на големо признание од дизајнерската заедница, новата дизајнерска филозофија на Kia - Opposites United (Обединети спротивности) - е во основата на комплетно новиот Sportage, влијаејќи на секој аспект од неговиот изглед и карактер. Принципите на оваа филозофија ќе влијаат на сите идни дизајни на брендот, со што се зајакнува врската помеѓу дизајнот и новотот мото, „Движење кое инспирира“.
Новиот Sportage ќе се најде во продажба кон крајот на оваа година. За прв пат во 28-годишната историја, ќе има и посветена европска верзија, па во догледно време ќе бидат достапни повеќе информации за комплетно новиот Sportage.
(Комерцијален текст)