„Снимај, бе, братучед, снимај!“

4 дена со Милчо

За дружење со Милчо и не треба посебен повод, но овој пат го има - 20 години од антологискиот „Пред дождот" и премиера на нови, ремастерирани дигитални копии од сите негови филмови. Од 7-10 мај во „Милениум" и „Фросина" не само што ќе има бесплатни проекции, туку и разговор со авторот со прашања кои ќе можат да му бидат поставени преку социјалните мрежи, трибина и промоција на монографија, како и  журки со музика од филмовите. Ова е прва ретроспектива на неговите дела во Македонија, по исти такви настани во Италија, САД, Русија, Виетнам.

Целата програма за настанот (клик за зум):

 

Музичка илустрација - „Холивуд" од Бастион од 1984, за чиј прв и единствен албум стиховите ги напиша токму Милчо.

4 мај 2015 - 08:36