Базинга!

Шелдон ќе го игра Господ

Џим Парсонс, младоликиот четириесет-и-кусур-годишник, кој брилијантно го игра Шелдон Купер во Big Bang Theory, сега ќе се соочи со уште голем актерски предизвик - ќе го игра Бог.

Се работи за театарска претстава под наслов „Божје дело" (Аn Act of God), базирана на книгата „Последниот завет: мемоар на Бога". Нејзин автор е поранешен сценарист на „Дејли Шоу со Џон Стујарт“, писателот Дејвид Џавербаум, инаку 13-кратен добитник на Еми. Тој меѓу другото е познат и по тоа што го води твитер акаунтот The Tweet of God (Твит на Господ), кој има 1,75 милион следбеници. Премиерата на претставата се планира на 28ми мај на Бродвеј.

Текстот е опишан како „90 минутен разговор во кој се откриваат мистериите на Библијата и се одговараат некои од најголемите егзистенцијални прашања кои го мачат човештвото". Парсонс и претходно имал појавување во претстава на Бродвеј, во „Харви" на текст на Мери Чејс, а неговата изведба била дочекана со многу позитивни критики.

Сигурно ќе биде интересно да се гледа Шелдон во нешто што не вклучува вештачко смеење и зборот „базинга!". Бонус: исечок од Big Bang Theory во која Шелдон зборува за религијата со неговата радикално побожна мајка

31 јануари 2015 - 09:02