Циркус (1928)
На првата церемонија на доделување Оскар, Чарли Чаплин бил номиниран во четири категории за „Циркус“: најдобар актер, најдобар сценарист, режисер на комедија и најдобар филм. Стравувајќи дека тој ќе ги собере сите четири награди, Академијата ги сторнира неговите индивидуални номинации и наместо тоа му дава посебна почесна наградата за „сценарио, глума, режирање и продуцирање на Циркус".
Хондо (193)
Во 1945 вестернот со Џон Вејн бил номиниран за најдобро сценарио. Подоцна бил дисквалификуван кога било откриено дека тоа е базирано на кратка приказна под наслов „Подарокот на Кошиз", односно дека не е оригинално дело.
Високо општество (1955)
Во 1957 авторите Едвард Берндс и Елвуд Улман биле номинирани за најдобро сценарио за музичката комедија во која глумеле Бинг Крозби и Грејс Кели. Имало само еден проблем: тие двајцата не ја напишале оваа комедија, туку друга со истото име. Академијата едноставно ги помешала лончињата, и ги номинирала по грешка.
Млади Американци (1967)
Филмот бил награден за најдобар документарец во 1969. Меѓутоа, еден месец откако го добил Оскарот тој му бил одземен кога се утврдило дека филмот се давал во кино во октомври 1967, што значи дека не можел да влезе во конкуренција за награди од 1968. Оскарот му бил пренесен на првиот на листата по него, „Патување во себе". Ова е единствениот филм во историјата кој добил Оскар, а потоа му бил одземен.
Кум (1972)
Во 1973 филмот бил номиниран во девет категории, меѓу кои и онаа за музиката на Нино Рота. Но номинацијата била повлечена кога се дознало дека тој употребил дел од сопствена музика од претходен филм, итлаијанската комедија Фротунела. Две години подоцна тој сепак добил Оскар, за Кум, втор дел.
Место во светот (1992)
Уругвај го поднел овој филм како нивен кандидат за Оскар во 1993. Неговото повлекување се должело на фактот дека се работело за аргентски филм, со недоволно учество на Уругвај во целата работа. Режисерот всушност ја замолил соседната земја да конкурира со филмот, бидејќи тој делумно бил финансиран од неа. По повлекувањето тој ја тужел Академијата.
Туба Атлантик (2010)
25-минутен краток филм за 70-годишен човек кој има само уште шест дена живот и го минува во сведување на сметките со семејството од коешто се има отужено. Бил номиниран за најдобар краток филм во 2012, но бил повлечен откако се открило дека бил прикажуван на норвешката телевизија пред прикажувањето во кино, што е против правилата за Оскар.
Сам но не сам (2013)
Во 2014 насловната музичка тема од овој филм била номинирана за најдобра оригинална мелодија, и дисквалификувана две недели подоцна. Брус Брогтон, композиторот на песната и извршен член на музичкиот огранок на Академијата им пуштил мејл на останатите 239 членови со кои ги известува за сопствената номинација. „Без оглед дали е направено со добри намери, користењето на позицијата на поранешен гувернер и сегашен член на извршниот комитет за да се промовира сопствената номинација го сметаме за нефер предност", се вели во објаснувањето на Академијата за поништување на номинацијата.