Од книги кои ќе завршеле во отпад Словенците ја имаат направено најголемата книжарница во земјата

Во Словенија речиси секој ден во мелници завршуваат по тон книги и списанија, претворени во безоблична каша. Едно здружение, вознемирено од ваквиот податок, во 1995 решава да стори нешто. 

Единаесет љубители на книги есента 1995 во Марибор го формираат Здружението „Ципрош“. Во напуштен поранешен објект на воена пекара тие почнале да складираат користени книги, исфрлени од поединци или од институции, продавајќи ги по симболични цени или подарувајќи ги на фондации и организации кои се интересираат за нив.

„Пекарна“ во текот на годините е адаптирана и во културен простор на десниот брег на реката Драва - креативно место за уметност, независна култура и заеднички активности. Во рамки на овој центар, Ципрош организира саеми на користени книги и учебници, како и повремени книжевни вечери. 

Од здружението велат дека со повторното поставување на овие книги на полиците им го враќаат достоинството, а подарувајќи ги на здруженија на Словенци во дијаспората ја шират читателската култура и почитувањето на словенечкиот јазик. 

Денес, здружението брои 250 членови, а бројот на издание складирани во просторот изнесува над 100 илјади. Во 1999 Ципрош ја добива Повелбата на град Марибор. 

Нов спот снимен во книжарницата кој ја доловува атмосферата и насловите:

11 декември 2025 - 18:01