Bookbox

Вук Караџиќ: „Некој ми го мазна есцајгот“

Историскиот архив на Белград објавува серија книги „Да се живее во Белград", кои содржат оригинална граѓа од фондот на Управата на градот. Воодушевени од содржината на документите кои се однесуваат на 19. век, ви пренесуваме само дел нив. 

Медведев на Маркес за роденден

Рускиот претседател му го врачи престижното одликување Легија на честа на колумбијскиот книжевник, токму денес, кога Маркес го слави својот 85. роденден.

Вотерс: Фокландите се на Аргентина

Основачот на Пинк Флојд го навлече бесот на сонародниците осудувајќи ја политиката на Лондон кон Фокландските острови. „Мислам дека тие треба да бидат Аргентински. Загрижен сум заради тоа што островите се користат како аргумент за тесни политички цели, прво од страна на Тачер, а сега и од Камерон“, изјави тој во интервју за Гардијан.

Путин како Брнс од Симпсонови

Анимираното видео на рускиот уметник и активист Егор Жгун, во стилот на Симпсонови ги прикажува 12-те години на Путиновото владеење, кои според него (a и според најновите изборни резултати) лесно можат да се претворат во 120.

Сликарот во Линч

Денес во Њујорк се отвара изложба на Дејвид Линч, прва во овој град од 1989. Авторот на неодоливо бизарните „Син сомот“ и „Диви во срцето“, како и на серијата „Твин пикс“ која некогаш се гледаше како сега турските серии, всушност се занимавал со сликарство пред да почне да режира.

Парите од наградата ТЕД 2012 одат за..

Од 2005. наградата ТЕД се доделува на исклучителни поединци, чии  идеи и однесување можат да поттикнат некаква позитивна промена. Но во декември минатата година беше направен преседан: таа не замина во рацете на некој како Бил Клинтон или Џејми Оливер, туку стоте илјади долари ги доби една - идеја. Сега се знае и за што ќе се потрошат.

Ил’ е бозон, ил’ е зезон

Критикувајќи (или повеќе - исмевајќи) поетска творба на извесен Игор Шипиќ под наслов LHC ('Large Hardon Colider'), напишана во високопарен стил, уште познат и како „серење мермер“, критичарот на Booksa.hr реплицира, но овој пат во форма на народен еп.