- нов бензински балг хибриден погон со 48V батерија, во кој е сместен и новата clutch-by-wire интелигентна трансмисија
- 8 инчен екран на допир за мултимедијалниот систем
Освежениот Stonic сега нуди широк спектар на нови Smartstream погодни, кои ја зголемуиваат ефикасноста на моделот. Меѓу нив Stonic нуди и нов бензински балг хибриден погон со 48V батерија, во кој е сместенa и новата clutch-by-wire интелигентна трансмисија.
Надворешноста и внатрешноста на моделот се скоро непроменети, но сепак новите сопственици ќе имаат голем број на можности за песoнализација на Stonic. Тоа се новите комбинации на бои за внатрешноста и на каросеријата, како и новиот 8 инчен екран на допир за мултимедијалниот систем. Покрај овие надградби, тука се и новите високо-технолошки напредни системи за помош на возачот. Отсега Stonic доаѓа со стандардни LKAS – систем за одржување на возилото во лента и FCA – систем за избегнување на фронтален удар.
Претставен на европскиот пазар на крајот на 2017 година, Stonic денес e четвртиот најпродаван модел на Kia (по семејството на моделот Ceed, Sportage и Picanto). Вкупната досегашна продажба во Европа достигна повеќе од 150.000 единици.
Новиот Kia Stonic во Европа се очекува во продажба во Европа во текот на четвртиот квартал на 2020 година, со 7-годишна гаранција и 150.000 километри, вклучена како стандардна за сите модели.
(Комерцијален текст)