16 урбани момци креваат револуција

„16 урбани момци креваат револуција" е кампања на Кризен Центар „Надеж", во која 16 момци, од различни професии, кои ѝ се познати на пошироката јавност преку нивната работа, посветеноста и стилот со кој тоа го прават, и кои се позитивен пример на однесување, испраќаат пораки против насилството врз жената. 16 момци, за 16 дена активизам! Сите имаа различна порака, но беа едногласни дека борбата против насилството врз жената треба да трае 365 дена!!!

Огнен Узуновски- Оги (Сопственик на кафе бар „Излет" и клубот „Сектор") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „У 7 милијарди на планетава, ако дојдеш во ситуација да тепаш жена, треба да си вистински идиот".

Мартин Видоевски (Менаџер и фитнес инструктор во Спортски центар „Јане Сандански") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Смислата на мажот и силата на мажот е да ја заштити својата љубена, не да се истура и докажува машкоста врз неа!".

Горјан Ѓорѓиев (уметник) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Кога би си ја дозволиле вистината дека не е во име на: Отецот, Синот и Светиот дух, туку во име на: таткото, мајката и плодот, светот би бил поубаво место за жената".

Горан Миќиќ (Тату артист во MG tattoo студио) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам што е со маживе што тепаат жени, за мене жената е створена за љубов".

Влатко Васиљ (Менаџер за социјални медиуми во Element PR) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Силата на мажот не е во тоа колку силно удира, туку во тоа колку нежно допира".

Огнен Бражански (Кајакар и тренер во „Фитнес револуција") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Искористете ја енергијата на поинаков начин".

Иво Антов (Продуцент, автор и креативен директор на филмскиот фестивал за млади „Џифони") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Човек треба да се бори за своето семејство, а не со него. Одбивајќи да удриш некого, одбиваш да го мразиш".

Фицка (Менаџер во Concept 37) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Има многу убави работи да и се прават на жената...".

Гоце САФ (Продуцент и DJ) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жената не се тепа, НИКОГАШ!"

Борче (Гитарист на „Суперхикс") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Мази ги жените".

Трендо (Уредник на off.net.mk) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жената е прекрасен цвет, жената е птица в лет, кој не почитува жена, тој е глуп".

Марко Новески (Водител) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жените се за сакање, теписи се за мавање".

Тадијан Дебаловски (Сопственик на клуб „Блок 20") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Единствено нешто кое нѐ разликува од животните е разумот- затоа, користете го".

Владимир Пешков (Hip hop artist) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Удри си шамар сам, за да видиш колку боли!".

Томислав Тодоровски (дел од менаџерскиот тим на Pull & Bear) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам зошто срамот од насилството го носи жената, за мене срамот и понижувањето во овој случај му припаѓаат на мажот. И мислам дека таквите мажи треба да се лечат".

Марко Ѓурѓиќ (Продуцент на „Зад Аголот") крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Немој да им го правиш на жените она што не сакаш да и се случува на твојата мајка, сестра или ќерка. - Mојата мајка".

*********************************

Идејата за кампањата ја развија и реализираа: Драгана Маневска- Координаторка на СОС линијата, Ивана Костовска- Координаторка за едукација, згрижување и бесплатна правна помош, дел од тимот на Кризен Центар „Надеж". Фотографиите ги направи Александар Стојковски.

2 декември 2014 - 11:06