На вашите мачки вие не им требате

Научна студија го покажа очигледното: дека мачките се самодоволни животни на кои не им требаат двононожни стопани за да бидат кул.

Оние кои имаат мачки да не се секираат кога не се дома мислејќи дека нивното милениче едвај чека тие да се вратат дома и дека мора да е сега нервозно и уплашено.

Не, не е.

За разлика од кучињата, кај мачките нема никакви знаци на анксиозност кога се разделени од своите сопственици, покажала студија на Универзитетот Линколн. Со други зборови, на мачките не им требаат луѓе за да се чувствуваат заштитени и безбедни.

"Иако некои мачки се погласни кога сопственикот ги остава, во нивното однесување не наидовме на ниеден доказ кој би сугерирал дека нешто им недостасува," рече водачот на истражувањето во кое биле мерени реакциите (очни контакти, пасивно однесување, симптоми на стрес) на мачки во различни ситуации.

Домашните мачки се многу поавтономни при адаптирање на ситуации на кои се научени, за разлика од кучињата кои душата им е на место само кога и сопственикот е покрај нив.

Научниците им порачуваат на љубителите на мачки дека наодите од нивната студија можат да се сфатат и како комплимент. Мачка не би живеела во несреќен дом. Едноставно би заминала од тоа место а е сосема доволно спремна и сама да се грижи за себе. Затоа, самото нивно останување во нечиј дом е знак дека им е таму удобно. 

Но, ако на мачките им е сеедно, на луѓето не мора да им биде. Францискиот филозоф и теологот Алберт Швајцер тврдеше дека за човекот постојат две сигурни засолништа од мизеријата: музиката и мачките. А според Зигмунд Фројд, време поминато со мачка никогаш не е залудно потрошено време.

6 септември 2015 - 20:56