Сон за плодност

Вековниот страв на Македонец од несоница опеан во многу народни песни (види последна строфа), едно истражување на дански научници го потврди како животворен и пред се, многудетен.

Хроничната ненаспаност прави масакр меѓу сперматозоидите, покажа каунтерот на  истражувачите на Универзитетот на јужна Данска по кој мажите кои имаат проблеми со спиењето имаат до 30 проценти помалку сперматозоиди а и тестисите им се помали од браќата кои спијат добро и редовно.

Ова е прво истражување на оваа тема, иако претходно имало доста други кои засилувале поинакви стравови, дека спермата е загрозена од долги седења пред телевизор, загрозена е од долги возења велосипед, загрозена од извесни начини на исхрана, загрозена од хемикалии во околината...

Овојпат се утврдила врска меѓу неспиењето и квалитетот на семенскиот материјал иако не и битното прашање дали таа врска е каузална. Научниците не знаат како спиењето влијае врз квалитетот, но претпоставуваат дека вистината лежи во група фактори- тие што имаат хронична несоница вообичаено се подебели, пијат повеќе алкохол и почесто се пушачи од останатите.

Медицинските препораки остануваат исти: оптимална доза е 7 до 8 часа спиење на ден иако во индустриските земји, луѓето просечно не спијат повеќе од 6 часа.

26 април 2013 - 09:09