Многу теретана ѝ пречи на љубовта

"Пред некое време бев на забава на која петмина фраери си збореа за теретана, кардио и трицепси.... Поинтересни муабети за бебешки какања имам слушано од тоа".

"Последниве години се чувствувам како осамена во пустинa", пишува Роуен Пелинг која не го дели ваквиот животен стил кој на многумина им станува опсесија. Таа не оди по лента но оди кога е на ескалатор, го мрази поимот хајкинг ама обожава да пешачи во природа, особено ако патот завршува со паб, досадни ѝ се долгите монотони патеки на базените, но кога може, се фрла во река, езеро или море.

Секој осми Англуичанец денес е член на некој клуб што се занимава со здрвје а фитнес индустријата во Велика Британија тежи 4,3 милијарди фунти. Па сепак, секој трет човек што е денес жив е дебел а од 1980-та година нема земја во светот која успеала да го намали процентот на луѓе со прекумерна тежина. Можеби тоа некому е тешко да го признае но луѓето попрво ќе потрошат мало лично богатство на тренинзи и придружни здравствени аксесаори отколку да ја следат наједноставната мантра на Мајкл Полан: "Јади храна. Не премногу. Главно растенија":

Една многу тазе студија ги враќа во реалноста оние што обожаваат да кмичат по теретани. По неа, човечкото тело многу брзо се адаптира на новите, поенергични режими на живеење и го менува својот метаболизам да троши помалку калории. По неколку месеци Гулаг во теретана, човек достигнува плато и тешко е понатаму да мрдне, подолу со килажа или погоре со мускули.

Овие наоди соодветствуваат на едни претходни според кои домородците -ловци во Танзанија трошат ист број калории како оние што не мрдаат од тросед во западниот свет.

Немам соба полна научници да ме поткрепат ама мислам дека постои врска меу путиранските начини на живот и слабиот љубовен живот. Не само затоа што целата енергија се насочува кон практики која се анти-хедонстични туку човек сè повеќе го занима изгледот на неговото тело отколку тоа како се чувствува како личност. Имам една убава пријателка која запиша јога пред седум години и дечко нема фатено. И уште не сфаќа дека иако можеби нејзиното тело е храм, ретко кој сака да има секс во црква", се зеза Ролинг.

1 февруари 2016 - 14:38