Два пати пери, еднаш дроби

На крај и свежите салати од зеленчук завршија на листата на јадења што се штетни за луѓето. Не по основа на калоричност, туку по основа на тоа што ги разболува луѓето.

Од вкупно 9,6 милиони заболувања годишно предизвикани од храна, 4,6 милиони потекнуваат од зеленчук, а половина од овие отпаѓаат на листест зеленчук како спанаќ, зелена салата и рукола.

Во основа листетстиот зеленчук е број еден причина за болести кои се пренесуваат преку храна (а.к.а. труење од храна), покажува студијата објавена во новиот број на Emerging Infectious Diseases.

Иако е малку веројатно дека зелената салата ќе има некакви фатални последици по вашето здравје, сепак повеќе од препорачано е што е можно подобро да ја измиете.

И покрај тоа што морската храна е озогласена на оваа тема, таа како категорија предизвикува најмал број на морски болести. Од целата храна најсмртоносно е пилешкото, кое преставува одличен дом за салмонела. На пилешкото месо отпаѓаат 19% од 1.451 смртен случај предизвикан од храна во периодот меѓу 1989-та и 2008-ма.

5 февруари 2013 - 09:42