Да се живее со некој кој има умрено

Постои едно фрапантно ментално пореметување кое луѓето ги претвора во зомбија, во живи духови кои себеси се сметаат за умрени или пак длабоко веруваат дека никогаш не ни постоеле. 

Котаровиот синдром (познат и како "синдром на леш кој оди") првпат е документиран во 1880 година и оттогаш се познати само стотина случаи во целиот свет. Болеста е толку ретка што и специјализирани лекари често не можат да ја препознаат па ја регистрираат како некое друго пореметување. 

59 годишна Британка била хоспитализирана откако пријавила дека нејзиниот леш се распаѓа. 62 годишен Шпанец бил убеден дека не само што е мртов туку и дека неговиот пенис исчезнува. Средовечна Јапонка се жалела дека нејзиниот мозок останал празен, без никакви мисли во него и дека не ни може да зборува бидејќи сите зборови ѝ биле изгубени.

Сите тие котарови пациенти се заробени во еден чуден живот-смрт парадокс: длабоко веруваат дека знаат како е да се умре и да се биде умрен. 

И статистиката за нив е чудна: во еден глобален примерок, 69 проценти од нив го негираат своето постоење а истовремено 55 проценти се сметаат за бесмртни (со други зборови, слично лудило стои зад идејата дека си умрен и идејата дека си бесмртен).

Медицината знае малку за невролошките причини за Кoтаровиот синдорм. Некои сметаат дека не се работи за единечна болест туку за непоправлива состојба предизвикана со некоја комбинација на енцелафитис, Паркинсонова, мозочни тумори, шизофренија, депресија, биполарни пореметувања, хипотермија или мозочни повреди.

Во еден институт за ментални болести во Мексико Сити кој има прилично искуство со котарови пациенти (десетина случаи во последниве 15 години) се наоѓа една од нив: Хуанита, години 52, во последниве 6 дури 18 пати хоспитализирана заради нејзината нефункционалност во моментите кога "е мртва". Напати знае да дојде до свест и во тие мигови, единствената човечка емоција која ја поседува е чувството за мизерност.

Приказната за Хуанита читнете ја овде.