Британија под истрага на О.Н.

Истрагата е по основа на сериозно прекршување на човекови права, откако во рок од 6 недели по укинувањето на статусот неспособен за работа и правото на социјалната помош, починаа 2.380 лица со инвалидитет.

Информацијата ја соопштува Инклузија Шкотска, конзорциум на организации за инвалидитет, кои биле контактирани од О.Н. Комитетот за права на луѓе со инвалидитет, и им било кажано дека наскоро на островот ќе биде испратен специјален претставник на О.Н.

"О.Н. не' известија дека наскоро ќе ја посетат Британија заради истрага... и ќе сакаат да се сретнат со нас кога ќе пристигнат, некаде во следните неколку месеци," изјавил еден од претставниците на конзорциумот.

Невладините и добротворните организации со месеци бараа од владата да ги објави резултатите од реформите и кратењето на социјалната помош.

Дури минатата недела Департманот за работа и пензии објави дека во периодот од 2011-та до 2014-та, 2.380 лица умреле во рок од 6 недели откако им бил укинат инвалидитет и биле прогласени дека се способни за работа.

1 септември 2015 - 12:04