А другата половина ќе биде саката

Првата половина од 21-от век половина од човештвото ќе ја дочека со сериозни проблеми да ја прочита оваа статија.

До 2050-тата година половина од светската популација (скоро 5 милијарди) ќе страда од миопија а една петина од нив (милијарда луѓе) ќе се соочат со значајно зголемен ризик од слепило.

Се разбира, ова важи ако продолжат сегашните трендови.

Слабеење на видот од миопија седумкратно ќе биде зголемено во првата половина од овој век заради што кратковидоста станува причина број 1 за трајно губење на видот.

Глобалниот рапиден пораст на миопијата се припишува главно на промени во стилот на живеење, работните околини и навики, скусувањето на времето поминато на природно светло и слични фактори.

(види ја статијата: Дома е онаму каде што стануваш слеп). 

 

18 февруари 2016 - 09:24