Запомнете, генијалец не си крати од сонот

Има една глупа капиталистичка логика дека ако човек сака да ги оствари своите амбициозни планови и да стигне да заврши сè што треба во текот на денот, треба да си скрати малку и од спиењето. Вистинските генијалци би се изнасмеале на ова, ако веќе не биле отидени на спиење.

Подолу е една интересен приказ на 16 генијалци (Кант, Моцарт, Дарвин, Бетовен...) и нивните дневни рутини односно како изгледал нивниот вообичаен 24 часовен ден во поглед на тоа колку време издвојувале за работа, за спиење, за занимации....

Можат да се извлечат неколку интересни паралели но она што е заедничко за сите нив е што - спиеле ко луѓе.

Препораките на Американскиот национален институт за здравје е да се спие меѓу 7 и  9 аса. Сите 16-мина од подолу влегуваат во рамката (со просечни 7,25 часа дневно).

Да се разбереме, спие кој кога сака.

Гистав Флобер, на пример, не легнувал пред три часот, што не е чудно ако се знае неговата опседнатост со проститутки (женски, машаки, небитно). 

Од друга страна, Оноре де Балзак легнувал во шест поручек па станувал во еден по полноќ. за сабајлето да удри уште саат ипол дрем. Тој бил по кафињата, ги пиел по 47 на ден (25 години така).

Кафе сакал и Бетовен, за појадок. Инсистирал кафето да му се состои од точно 60 зрна.

А да не спиеле, од некои од нив немало да може ни да се излуфтира. Фројд, на пример, кој пушел по минимум 20 пури на ден.

Еве го приказот на дневните рутини:

*********

 

24 мај 2023 - 10:05