Следен пат кога ќе решите да слушате девојка нека ви текне на Џозеф Алтомонте

Дечкото е девет години во врска и во тие девет години нема пипнато покер затоа што на девојка му (сега веќе бивша) не и се допаѓа кога тој игра. Раскинуваат, тој веднаш се враќа на маса и последната награда што ја освои е 217.000 долари.

Алтомонте е професионален играч на покер на почетокот од 2010-те кога почнува врската со сега екс-девојката:

„Мојата бивша велеше дека играч на покер не е прифатлива професија, па јас долго време престанав да играм.“

Последните резултати на Алтомонте се од 2013, а потоа нема ништо се до 2023. Тој се враќа меѓу професионалци во февруари годинава, и од тогаш освојува 87.000 во март, 104.000 долари во април.

Заедно со јунските 217.000 долари Алтомонте ја добива и ВСОП (World Series of Poker) алката, која е еден вид МВП трофеј во покер турнирот.

3 јули 2023 - 12:21