Јажето кое ќе ни овозможи вертикална иднина

Пред некое време во Букбокс пишувавме за културната историја на лифтовите чие постоење е историската причина што нашите градови денес се шират не само во хоризонтала, туку и во вертикала. Сега еден нов вид „кревало" ги поместува границите на оваа технологија.

Се вика UltraRope и е дело на финската компанија за лифтови Коне. Главната промена е замената на плетениот челичен кабел со карбонски, кој е силен, но многу полесен, па наводно овозможува лифтовите да патуваат и до 1 км во единствено возење, двојно повеќе од она што сега е можно со челичен кабел.

Тука вистинската иновација е значи тежината - како што каблите за лифтовите стануваат подолги (заради повисоките згради), нивната тежина станува многу поважна отколку тежината на кабината и нејзините патници. УлтраРоуп е за 90% полесен од неговиот челичен еквивалент, оттаму намалувајќи го товарот и овозможувајќи подолги континуирани превози (на стока и патници). Со негова употреба, зградурините од типот на Кралската кула во Џеда, Саудиска Арабија, која од првично замислените 1,6 км неодамна мораше да биде намалена заради „несоодветната геологија" но и заради проблемот со превозот до најгорните катови, ќе бидат остварлив градежен проект.

Во највисата лондонска зграда Shard, мора да се смени лифт за да се стигне до највисоките катови

Погледнат подетално, кабелот се состои од четири јадра карбонски влакна, секое од по 5х3мм, обвиткани со смола која овозможува висок процент на триење. „Јажето" оттаму е необичен современ предмет, производ на технолошка рафинираност и на развој на нови материјали.

Токму затоа, тоа е веќе дел од колекцијата на Музејот Алберт и Викторија во Лондон на современи материјали, кои вклучуваат 3Д печатен пиштол, чевли дизајнирани во различни нијанси на „голо" (или популарната 'месо' боја), како и пар лажни трепки промовирани од Кети Пери. Секој од овие предмети укажува на некоја можна иднина, а UltraRope ја сигнализира уште понебесната перспектива на нашите градови.

5 август 2014 - 08:40