Белград по грчки вкус

Светски познатата архитектка Заха Хадид е потписник на голема грчка урбанистичка инвестиција во ексклузивниот дел на Белград. Добар дел од експертската јавност е зачуден од контроверзниот изглед на планираниот комплекс.

На 94.000 квадратни метри, во населбата Дорќол под Калемегдан ќе се гради импозантен стамбено- хотелско- деловен центар.

Инвеститор е приватната грчка компанија Ламда која го ангажираше архитектонското биро на познатата Заха Хадид, добитничка на Прикеровата награда.

Поранешната зграда на Беко Грците ја купија уште пред 5 години за 55 милиони евра а планираат во комплексот да потрошат уште 200 милиони.

Заради звучноста на главниот архитект, дел од јавноста смета дека овој проект ќе го внесе Белград во светската мапа на градски центи со уникатни архитектонски решенија додека други се згрозени од змијоликиот изглед на комплексот и оценуваат дека стаклениот монструм е создаден надвор од целиот амбиентален контекст на просторот.

3 декември 2012 - 20:11