Колку ти се Битлси?

Најголемото прашање по последната епизода на Mad Men: Дали им се исплатеше на продуцентите да платат четврт милион долари за да можат една песна од Битлси да ја пуштат во одјавата (само на оваа епизода)?

Битлси веќе долго време се "скржави" околу ослободување на правата за нивните песни за користење во филмови или на телевизија. Според Вол Стрит Журнал и Форбс, продуцентите на серијата, сепак некако успеале да ја добијат "Tomorrow Never Knows."

"Помеѓу лиценцирањето на правата на Сони и правата за оригиналот што ги има ЕМИ, изворите проценуваат дека Лајонсгејт за песната потрошил сума од шест цифри. Поупатените извори, ја одредуваат вкупната сума на околу 250.000 долари," пишува Џеф Берковичи во Форбс.

Тој забележува дека песната одлично се вклопила во темата на последната епизода, но и дека помогнала за автентичноста на Mad Men, бидејќи не може некое шоу за 60-те да мине без песна на Битлси.

8 мај 2012 - 13:10