Кина сè забрани на телевизија

На телевизија нема да има хомосексуалност, нема да има прељуба, секс за една вечер, покажување деколте, ниту пак реинкарнација, затоа што сите овие работи ја "истакнувале темната страна на општеството."

Сцена од неодамна забранетата серија

Минатата недела од програмата беше повлечена една од најпопуларните кинески сапуници, Зависник, затоа што во неа се следи животот на еден геј пар, и со тоа ги прекршува новите правила.

Меѓу забранетите теми се:
- сексуално насилство
- не стандардни сексуални врски и однесување
- сексуална перверзија
- сексуално малтретирање
- пиење алкохол
- пушење цигари
- сексуално непристојно облекување

Пуританстовото на кинеските медиуми следува по доаѓањето на власт на Кси Џинпинг во 2012-та. Во декември 2014-та една популарна серија беше симната од програмата затоа што актерките имале големо деколте. Шоуто повторно го вратија во програма откако деколтето беше замаглено.

Цензурираното деколте

5 март 2016 - 09:39