Како изгледа договор за реално шоу

"The Voice" е еден од талент натпреварите налик Икс-Фактор или Идол. За да учествуваш во него потпишуваш договор во кој единствено душата не ти ја бараат. Бонус, ако некому спомнеш што има во договорот, казната е околу 1 милион долари.

ЕнБиСи (каде што се емитува шоуто) не само што ги задржува правата на се она што ќе направиш на шоуто, туку има право и што сака да прави со тебе.

Според договорот телевизијата има право:

- да го прикаже натпреварувачот во погрешно светло.

- да го замени натпреварувачот во кој било дел од серијалот, заради која било причина, по сопствено убедување.

- да го претстави натпреварувачот на начин кој може да биде омаловажувачки, погрден, срамен, заради кој може да биде изложен на јавно исмевање, понижување и осуда.

- ЕнБиСи има право да ги објави и резултатите од задолжителниот медицински и психолошки тест на натпреварувачите.

Форматот на The Voice му дозволува на продуцентот да го штима шоуто по сопствена желба, и може комплетно да го игнорира системот за гласање на публиката. Минатиот мај илјадници смс пораки и гласови од социјалните медиуми беа прогласени за неважечки, заради тоа што не биле конзистентни според стандардите на независните монитори за гласање на шоуто.

18 март 2014 - 12:13