Документарец за порничите на Бин Ладен

Нешнл џиографик живо заинтересиран за содржината на компјутерот на Бин Ладен решава да прави документарец за истата, конкретно за порно фолдерите.

За целата работа околу порничите на запленетиот компјутер на Бин Ладен да не биде така едноставна како што изгледа документарецот ќе истражува една многу маргинална теорија - дека Бин Ладен го користел порното за испраќање енкодирани пораки, а не заради стандардни причини.

Уште во 2011 Ројтерс објави дека на компјутерот на Бин Ладен е откриена прилично обемна порно колекција, а истото подоцна е потврдено и од други извори.

Тоа што ќе остане мистерија и во документарецот е списокот и насловите на порно делата со кои располагал Бин Ладен, а авторите баш немаат ни претстава дали тој воопшто ги гледал видеата. Документарецот му остава простор за алиби на основачот на Ал-Каеда, објаснувајќи дека компјутерите што тој ги поседувал претходно речиси стандардно имале друг сопственик па не е сигурно дека клиповите се на Бин Ладен. (Тука претпоставката е дека некој имал доволно храброст да му го предаде својот компјутер полн со порно, на предводникот на глобалниот џихад.)

Што се однесува на теоријата за таинствената порно комуникација, претпоставката е дека тој некако ги енкриптирал своите пораки во порно фајловите, кои потоа физички во УСБ се пренесувани од неговите курири, за да избегне откривање на комуникацијата од САД што потенцијално би довело до негова елиминација.

Од друга страна, објаснувањето на форензичарскиот психолог и консултант на ЦИА, Рид Мелој, е дека едноставно Бин Ладен само си терал мерак со видеата бидејќи „биологијата е појака од идеологијата“.

7 септември 2020 - 09:46