Канцелариска марфологија

Франков закон на работно место
Ако уживаш во она што го работиш, многу е веројатно дека нешто работиш погрешно.

Харингтоновиот закон
Чистото биро е знак дека фиоките се претрупани.

Ларсонов закон
Ако завршиш нешто невозможно, единствена последица ќе биде што шефот тоа ќе ти го додаде на секојдневните должности.

Прва стапица за гении
Ниту еден шеф не сака подредени кои се постојано во право.

Перкинов закон
Потчукнувањето по грб е само половина метар над клоца во задникот.

Лампернов закон
Ако подоцна си отидеш од работа, никој нема да те забележи. Ако си отидеш порано, ќе го начекаш шефот на паркинг.

Рафаелов закон за работа
Колку помалку треба да се сработи, толку поспоро ќе се сработи.

Мослиев закон
Несреќите се случуваат кога двајца се обидуваат да бидат паметни во исто време.

Чендлеров закон
Колку повеќе срања поднесуваш, толку повеќе срања ќе добиеш.

Канцелариска максима
Телефонот никогаш не ѕвони кога немаш никаква работа.

Железниот закон на секретарката
Штом ставиш шолја топло кафе на биро, шефот ќе побара да му завршиш некоја работа која ќе трае се додека кафето не се олади.

Правило на ходникот
Можеш да влезеш во која сакаш канцеларија се додека имаш сериозен поглед и носиш тефтер кој од време на време го погледнуваш.

Правилото на Хари
Кога не знаеш што да правиш оди брзо и изгледај загрижено.

Првиот закон на службениот меил
Во службен меил никогаш не поставувај две прашања. Одговорот ќе се однесува на она за кое си помалку заинтересиран, а другото нема ниту да го спомне.

Законот на Матсуи за службени телефонски повици
Најнапорни јавувачи се оние со најмалку важна работа.

Начелото на црна дупка
После секое покачување, на крајот од месецот ќе имаш помалку пари отколку пред покачувањето.

Аксиом на празници
Секогаш ќе се разболиш на вториот ден од празникот, а ќе оздравиш на денот пред враќање на работа.

Законот за клима на работно место
Враќањето на греењето го означува почетокот на топлото време.

Слимовиот закон
Незапаметениот низ на убави сончеви денови ќе биде прекинат со обилен дожд на твојот слободен ден.

Томсоновото правило на магацин
За да се создаде итна побарувачка за одредена кутија, потребно е пред нејзе да се стави нешто многу големо и тешко.

Скотов закон за копирање
Читливоста на некоја копија е обратно пропорционална на нејзината важност.

19 март 2013 - 22:48