Рокенрол гранапџии

Пиво, вино и други начини на кои рокерите ги одржуваат своите приходи откако престанаа да продаваат музика.

Два часа по концертот во Рио, лидерот на Ајрон Меиден фаќа пиво во рака при што пази етикетата да биде свртена кон камерата и вика:

"Другиве се толку лоши што морав свое да си донесам", по што фино го натегнува шишето.

Кратко време по концертот, веб сајтот на пивото бива срушен од масовна посетеност а Брис Дикинсон од Мејден само со една реченица успева да го засени Хајнекен кој платиле 10 милиони долари за да бидат екскллузивно пиво на фестивалот.

А пивото се вика Трупер, по истомениот сингл на групата од 1983-та, со етикета од каверот на тој сингл.

Старите металци не се први кои го користат својот бренд да продаваат што им текне. Пива имале и AC/DC, Motörhead, Pearl Jam и Sepultura, Whitesnake имаа вино а први со дрангулии почнаа Кисс кои извадија играчки со нивните ликови.

Дигитализацијата ја утепа музичката индустрија. Во претходната ера, концертите служеа за промоција на нов албум. Но, сега албуми не се продаваат бидејќи ги има на интернет и пред да се појават па живите настапи се главниот извор на приходите на бендовите.

Турнејата на Дип Парпл за промоција на нивниот албум од 2005-та, "Rapture of the Deep", трае веќе 8 години.

28 септември 2013 - 10:46