веб класици

Амди версус Маја

Дозволете да овековечиме еден легендарен разговор меѓу Амди Бајрам и Маја Синадиновска направен пред многу години во емисијата на второнаведената. Во него, овие корифеи на нашата јавна сцена разговарат за неколку релевантни теми: од каде потекнуваат гатачите, што му претскажале тие на Амди, што симболизираат неговите 'ретки зуби', што ќе посака Амди ако фати златна рипка....

Целото аудио парче е екстра забавно иако нај-нај е третата желба на Амди, етничка по суштина а математичка по експликација!

Имајте го ова парче, инаку како ќе им објасните на вашите деца и внуци во какво време сте живееле?

17 мај 2016 - 11:53