Ќе го разбудат ли синдикалецот во Тејлор Свифт?

Ултра-популарната пејачка веројатно не очeкуваше дека нешто може да ја поремети нејзината кариера кој жестоко си гази, особено откако ги распродаде сите концерти во Калифорнија, ама, кога е некој толку популарен, од него се очекува поддршка и за теми што не ни можел да сонува дека ќе треба да се произнесе.

Некои од врвните политичари во Калифорнија ја повикуваат Тејлор Свифт да ги одложи нејзините концерти во Лос Анџелес со што би покажала солидарност со штрајкот на хотелските работници. Јасно, со таков потег таа за срце би ги уапала нејзините посветени обожаватели, затресканите Свифтис.

Заменичката гувернер на Калифорнија, Елени Куналакис ја предводи листата од десетина калифорниски политички потписи со кои се сака да се изврши притисок врз музичката ѕвезда. 

До 9 август, Свифт треба да одржи 6 концерти на стадионот Инглвуд кои се комплетно распродадени. 

Во писмото до неа, политичарите ја потсетуваат Свифт дека хотелите во близина на местата на кои таа настапува ги дуплираат или триплираат цените за време на концертите а хотелските работници и натаму се платени со мали и недостоинствени пари.

Нормално, не им текнува тие да се откажат од платите и бенефициите.

2 август 2023 - 11:18