Разликата меѓу религија и култ

САД има над 4.000 култови, кои вкупно имаат приближно 4 милиони членови. За разлика од употребата кај нас, секта е поинаква организација од култ и не е ни приближно толку штетна.

Според професорот по теологија и автор, Тед Питерс, разликата е во следното:

"Како класична Кока-Кола и диетална Кока-Кола, религиите и култовите си наликуваат и покрај тоа што имаат различен вкус. Религија и припаѓа на поширока култура; нејзините следбеници слободно си доаѓаат и си одат. Култот има тенденција да биде контра културата, ограничувајќи го социјалниот живот на своите следбеници на останатите членови на култот. Клучна карактеристика на култот е оската на светот, шаманскиот лидер во центарот на организацијата. Лидерот на култот полага ексклузивно право на пристапот до возвишената (трансцендентална) реалност, и ја дели својата моќ и благодарност како што тој или таа смета дека е соодветно. Не е теологијата тоа што го разликува култот од религијата; всушност, култовите може да се појават и во рамките на религијата. Најинтересниот култ кој што денес оперира, по мое мислење, е НЛО култот ориентиран околу неговиот лидер, Раел (Клод Ворихон) кој ги поврзува неговите 60.000 следбеници со вонземјанската мудрост и моќ.

Мислам дека секоја од големите религии во своите почетоци минала одредени фази налик култ. Кога култот ќе порасне премногу голем за да може еден лидер да го контролира или кога лидерот умира, спонтаното лидерство го демократизира системот на верувања и религијата може да почне да се шири. Имајте предвид дека клучните разлики се многу повеќе поврзани со лидерството отколку со теолошката содржина на системот на верувања.

Во 70-те, зборот 'култ' стана прилично погрден заради анти-култ организациите. Изучувачите, вклучително и јас, имаме тенденција да го заменуваме овој термин со 'нови религиозни движења' со цел да им се припише одредено ниво на легитимност на инаку невините експерименти со религијата. Дури и тогаш, кога НРД ќе покаже збиена организација околу авторитарен лидер, јас сум загрижен. Ова речиси секогаш води кон насилство. Ако зборот 'култ' сугерира потенцијал за насилство, јас предлагам дека едноставно треба да внимаваме кога го користиме терминот, наместо комплетно да го отфрламе."

Уште неколку толкувања на разликите

29 август 2015 - 16:09