Битката за Света Софија е речиси завршена

По наредба на султанот Мехмед Втори речиси 500 години Света Софија е џамија, потоа по наредба на Ататурк таа тера неполни 90 години како музеј, по се изгледа деновиве неофицијалниот султан на Турција ќе ја враќа во џамија.

Иако со години главно е благонаклонет кон идејата за трансформирање, турскиот претседател никогаш не се вклучувал во јавната дебата околу статусот на Аја Софија. И така беше до минатата година, кога почна да дава гласна поддршка за инцијативата за претворање на музејот Аја Софија во џамија Аја Софија.

Сето ова ќе се реши на 2-ри јули, кога Државниот совет на Турција треба да одлучи околу статусот на Света Софија, а се очекува доминантно да одлучи во корист на целосно враќање кон муслиманското минато на музејот.

„Дури и по 18 години владеење, ваквиот потег ќе биде најсилната порака што турскиот претседател им ја испратил на своите противници и дома и во странство, дека неговата држава решително застранува од сојузништвата со Западот во потрага по својата поголема нео-отоманска судбина,“ пишува Бетан Мекеран во Гардијан.

Запрашан минатиот месец за грчкиот гнев околу ваквата одлука, Ердоган порача „како се осмелуваат да ни кажат дека не смееме да ја трансформираме Аја Софија во џамија. Тие владеат со Турција или ние?“

Судбината на Аја Софија се надзираше последниве неполни десетина години, откако неколку музеи и слични објекти низ Турција трансформирани од Ататурк, сега беа вратени назад на својот статус од пред 6 века, во џамии. Плус, самата Аја Софија изминативе години почна да се користи за цитирање на Куранот пред турската воена интервенција во Сирија.

Во меѓувреме Грција околу целата работа ја тужакаше Турција кај Унеско, а од друга страна Ердоган наводно веќе побарал првите молитви во Аја Софија да се одржат на 15 јули, 4-та годишнина од неуспешниот државен удар против него.

30 јуни 2020 - 10:56