Реално шоу махт фрај

Додека јавноста е шокирана од девојката која во реално шоу изгуби 60 проценти од својата тежина, поранешен учесник во популарното шоу во кое победува оној кој ќе изгуби најмногу килограми проговори како е навистина да се биде во едно такво шоу: "Исто како во затвор, само што сите цимери се дебели"

Ендру Костело во 2008-ма минал 4 месеци во гледаното американско тв шоу "BIggest Looser" во кое натпреварувачите  минуваат низ тешки драми обидувајќи се со ригорозни диети и спартански вежбања да ослабат повеќе од останатите.

ПОследнава сезона победи 24 годишната Рејчел Фредериксон (на фотографијата подолу) која изгуби неверојатни 60 проценти од својата првична тежина. Влегла со 118 а излегла со 47 кила за да ја земе наградата од  250.000 долари и титулата најголем лузер.

Сега со 48 килограми и 165 сантиметри висина, Фредериксон е нешто под препорачаната граница за БМИ.

Конкретната критика за шоуто е дека тоа и понатаму ја пропагира идејата дека слабо = здраво, иако стапката со која учесниците губат тежина е алармантна. Неколку претходни учесници на шоуто јавно имаат изјавено дека тие биле поттикнувани да ги игнорираат советите од докторите, како и тоа дека три четвртини од сите учесници ја враќаат тежината.

Костело си спомнува дека неговото време биле 4 месеци без никаков контакт со весници, телевизија, возење кола, допир со пари или било што друго што човек прави во своето секојдневие.

Најтешко им било за Божиќ кога продуцентите и другите од екипата земале 10 дневен одмор а учесниците останале затворени во специјалната куќа, чувани од обезбедување и камери. На самиот Божиќ биле почастени со тоа што добиле право секој од нив да се јави дома и пет минути да поразговара со своите најблиски.

Иако гледачите на шоуто добиваат слика дека сите учесници везден вежбаат, Костело вели дека никој не вежбал повеќе од два часа дневно, односно дека вежбале колку што на екипата им биле потребни снимки од тоа.

Но затоа, бидејќи ваквите шоуа се темелат на драми и емоции, продуцентите на секој начин пробувале од нив да издејствуваат солзи па знаеле да ги расплакуваат прашувајќи ги дали им недостасуваат децата само за да ги скршат и да ја добијат посакуваната сцена.

Костело сака да ги потсети луѓето дека она што го гледаат е само шоу и има малку врска со реалноста. Еден од најинтересните детали од неговото сведоштво е самото губење килограми.

Гледач на ова шоу има претстава дека луѓево успеваат да ослабат по 10- 12 килограми меѓу две неделни емисии. Меѓутоа вистината е дека никогаш не се работи за една недела. Некогаш поминувале и по три недели меѓу две мерења и снимања, за да се добијат посакуваните бројки на изгубена тежина. Веројатно за заинтересираните гледачи да се мотивираат и да си помислат "можам и јас!" па да се фрлат на диета и вежбање, па по недела-две тотално да се разочараат од себе и уште пострасно да се фрлат на ждерење.

8 февруари 2014 - 16:51