За идните невработени генерации

Ако училиштата не се променат сериозно, во однос на тоа како и што предаваат, роботите ќе ги преземат сите работни позиции кои до сега ги држеше средната класа, што последователно ќе доведе до создавање на "перманента подкласа."

Моментално дилемата околу извештајот на Пју Рисрч за вештачката интелигенција и иднината на работната сила е дали ангажирањето роботи последователно ќе доведе до отворање нови работни места или пак само ќе ги зафати постојните.

За извештајот Пју анкетира 1.896 футуристи, ЦЕО-а, новинари и универзитетски професори, кои и покрај поделеноста, се согласни дека главен ризик за идиличната иднина во која луѓето дизајнираат роботи, а роботите ја вршат целата работа и сите имаме многу пари, е што "таа постои само во иднина во која училишниот систем постојано пумпа кадри како Елон Маск и Сергеј Брин, или во најлош случај, како луѓето на кои тие се потпираат за работа во своите компании."

"Работните позиции кои роботите ќе им ги остават на луѓето се оние кои бараат размислување и знаење. Со други зборови, само најдобро образуваните луѓе ќе можат да се натпреваруваат со машините. Образовниот систем во САД и во добар дел од остатокот на светот се уште ги седнуваат учениците во редови и колони, ги учат да молчат и да памтат тоа што ќе им кажат, подготвувајќи ги за живот во фабриката од 20-от век," изјавил за Пју, интернет социологот, Хауард Реинголд.

Извештајот заклучува дека ако ова не се случи, неизбежниот ангажман на роботи во фабриките ќе доведе до зголемување на разликата во приходи, што пак дополнително ќе ја ослаби средната класа, од која ќе почне да се формира перманентната подкласа, кој никој и никаде нема да може да се вработи.

7 август 2014 - 12:27