Таг: работа

Направени сме да работиме, ама не вака

Есента 1963, младиот антрополог Ричард Ли отпатувал во пустината Калахари со намера да живее во заедницата која броела неколку стотини луѓе, во подрачје кое редовно страдало од суша, на територија што никој не ја сакал. Тоа направило тамошните да зависат од собирање и лов, за што се мислело дека е исцрпувачка работа. Ли сакал да провери дали тоа е вистина. Денес, неговите сознанија можат да помогнат во разбирањето на фрустрациите на современите канцелариски работници, особено во големите компании, каде нема инстантно видлив резултат од она што се „собрало“ или „уловило“.  

Како изгледа да се биде асистент на инфлуенсер?

Повеќето од нас, фала богу, никогаш нема да дознаат. Ама за тие што ги интересира, излезе пред две години еден оглас за „Личен асистент на јака инфлуенсерка од Лос Анџелес“, што сигурно ќе им се допадне и на нашиве инфлуенсери. Како што се кажа во еден коментар на огласот, „нели бе, Америка немаше робови?“

Зумерите не ти седат на работа несреќни

Прагот на толеранција им е многу понизок отколку на претходните генерации.

Ред е да се престане со „работам и нешто на страна“

Она што во свет се вика „side hustle“, или „чепкање“ нешто дополнително, освен основната работа што ја имаш, а почна пред неколку години - не е добро. Идејата дека сѐ може да се постигне, само ако работиш доволно вредно е стара колку и капитализмот, но концептот на пукање по шевови само за да се изнесеш на прав пат е многу 2020-та.

Лекции по продуктивност за луѓе што работат ноќе

Повеќето финти за продуктивност како да се фокусирани на луѓе кои најдобро функционираат рано сабајле, заради што извисуваат „ноќните птици“ што најмногу работа бркаат кога ќе се затемни светот.

Како да се промени курсот на непродуктивно утро?

Продуктивно утро значи различни работи за различни луѓе: за едни е вежбање пред 9, за други полнење на машината за садови пред да излезеш од дома, да вратиш на мејлови додека пиеш кафе или да анализираш проект пред да влезеш на состанок. Но, придобивките од чувството на продуктивност не се сведуваат само на штиклирање работи од список - утрото може да му даде правец на целиот ден.

„Ме гризна шкорпија“ - 3200 години стари изговори за неодење на работа

На египетската и другите древни цивилизации гледаме како на култури на надлуѓе, кои немаат голема врска со нашите актуелни и секојдневни предизвици. Освен ако не сте од оние кои сметаат дека станувало збор за вонземјани, Еѓипјаните биле во голема мерка како нас. Требало да работат, а понекогаш едноставно не им бил денот.

Како да си најдеш работно место со добар баланс на „работа-живот“

Новото време донесе работење од дома, а со тоа и потешкотии да стигнеш до моментот на гасење компјутер и одвојување на работата и приватниот живот. Се појавија и безброј статии, истражувања и иницијативи на работа за постигнување на подобар баланс на работа-живот.

Пуст да е живот кучешки: кучињата-работници од средниот век

Денес чуваните кучињата се главно љубимци, се излежуваат по дворови или оставаат влакна на тросед. Малкумина од нив имаат некаква работа - како водичи за слепи или како пронаоѓачи на забранети супстанци на царина. Но во средниот век не било така.

Работата беше пат до подобар живот. Некогаш. Веќе не.

Вработување кое обезбедува раст на стандардот на живеење веќе е минато, денес патот до богатството води низ недвижности и пензија.

Истрага на место на мемето

Една од оние стандардно сеприсутни мудрости на интернет, која веројатно ниту еден мотивациски говорник што држи до себе ја нема прескоканто да ја стави во својата пауер-поинт презентација, порачува - не работи напорно, работи интелигентно. Човек седнал да се позанимава малку со пораката и како таа учи на лажење и измама.

Проблемот со „океан“ канцеларија и како да го решиш

Демонтирањето на коцката и воведувањето на отворената „океан“ канцеларија беше доживеана како момент на глобално копоративно просветлување, решение кое конечно ќе ги зближи рамнодушно несреќните канцелариски работнички сили и ќе донесе радост, креативност и  (веројатно најважно) полетност во исполнувањето на работните задачи. По доволно години искуство во отворени канцеларии, излезе дека баш и не е така.

Како Данци стигнуваат до работа или училиште

Математиката е за Копенхаген, без ограничување на сезони или професии.

Прозорци за вас прекрасни вработени

До сега се знаеше дека обемните количини на дневна светлина се корисни за продуктивноста на работа, сега се знае дека недостатокот на светлина на работно место може да оглупавува.

Канцелариски дронови против преработени Јапонци

Затоа што не се разбираат од збор дека не треба да работат прекувремено, јапонска компанија одлучи да почне да користи дронови за да ги брка своите вработени од канцеларија по завршување на работното време.

Марионка, личи на уморна

Иако капнати од работа, Јапонките не се откажуваат од бракот и идејата еден ден да најдат маж и да засноваат семејство. Проблемот е што капнати од работа, уморни се да го бараат.

Не сме нешто работници, ама можеме да погледнеме

Технички штракање на тастатура е мануелна работа, практично, да не се лажеме, не е, ама па за тоа знаеме да најдеме луѓе што стварно го вадат лебот со раце и се совршено вешти во тоа.

До дискус-хернијата и по нејзе

Од сите прашања што нè мачат околу клипов сакаме да почнеме со овие три: Што толку имате против користење количка? Замисли во живот да те бива само за една работа и ова да е тоа? Ракавици, маска, сандали барем, било што?

Седи да видиш како се работи

Разликата меѓу човек што доаѓа на работа и човек што знае да работи. Првите сме ги изнагледале. Ова се вторите. П.С. кај се купуваат кинески пожарникари?

Дарвин не се утепувал од работа (па не мора ни ние)

Славните научници и уметници биле крајно амбициозни, страсно се посветувале на својата работа и имале речиси натчовечки капацитет да се фокусираат. Но подеталната анализа на нивниот работен ден покажува дека работеле само по неколку часа на она што денес го препознаваме како нивно најголемо достигнување. Остатокот од времето - кулирале.

Кој е за пауза за секс?

Шведски политичар цени дека секој вработен во текот на работниот ден треба да има саат време да тркне до дома (или кај и да е) и да се плесне со партнерот. Пред да гласате ЗА, проценете добро; ваквата пауза дополнително би ги фрустрирала оние што страдаат од нејебитис; дури тогаш Фејсбук ќе вришти од нивни коментари за секоја (ебена) тема.

Марио, ти помогнаа ли сине 1600 шерувања?

Болест тешка му ја одземала раката. Му ја одземала и ногата. А јас се одземав барајќи спас за дете кое не го познавам во обид да му најдам работа. Сега и овде, срам ми е да прашам после толку споделувања по мреживе, дали можеби Марио ја зема првата плата чесно заработена.