Подобро ништо, отколку што и да е

Во последно време се изначитавме текстови против прокрастинацијата, навиката важните и потешки работи и одлуки да се одложуваат во недоглед. Но под мотото „има и полошо", сега е детектиран нов феномен - кога правењето нешто по секоја цена одзема повеќе време отколку правењето ништо.

Дали паркирате на првото слободно место, без да помислите дека патот назад ќе треба да го одите м'кнејќи полни ќеси? Дали набрзинка бутате нешто во шифоњер, ризикувајќи дека кога следниот пат ќе го отворите сè ќе ви падне врз глава?

Во статија објавена во нов број на Psychological Science, психолози од Универзитетот Пенсилванија смислија нов термин за овој феномен: прекрастинација или „тенденцијата некаква задача да се заврши (или барем да се почне) колку што е можно побрзо, дури и по ризик на дополнителен физички напор".

За го тестираат човечкиот капацитет за прекрастинација, истражувачите ставиле 27 студенти пред 2 пластични кофи полни со парички. На едната страна кофата била поблиску до учесникот но подалеку од линијата означена со „цел", а од другата подалеку од учесникот но поблиску до целта. Тие биле замолени да одберат една од кофите, и да ја носат до крајот. На изненадување на истражувачите повеќето учесници ја одбрале кофата која им е поблиску, но која требало да ја носат подолго, и покрај тежината. Нивното објаснување: „Сакав да ја завршам работата што е можно побргу".

Ефектот останал ист дури и кога учесниците биле во инвалидски колички. Заклучокот е дека остварувањето на секундарната цел (земањето на кофата во рака) на овие луѓе им изгледало како забрзување на остварувањето на главната цел (нејзиното носење до целта).

Зошто го правиме ова? Кога имаме некоја задача, таа буквално ни стои не над, туку во глава, окупирајќи ја нашата работна меморија. Колку побргу направиме нешто во врска со ова, толку побргу ни поминува непријатното чувство на обврска. Со други зборови, прво ја береме најблиската гранка. За другите кои потешко се досегаат бираме да мислиме подоцна, кога ќе огладнеме.

30 септември 2014 - 09:55