Лебот онлифански

Бизнис инсајдер разговара со осум Онлифанс модели (само едно од нив машко) кои за една година заработиле меѓу 143 илјади и 5,4 милиони долари, пари кои не се само од претплата туку и од разни други услуги што се овозможени преку сајтот.

Најдобро со пари, од моделите со кои разговара Бизнис инсајдер, минува Брајс Адамс, која на три профили за една година заработува 5,4 милиони долари, и има каталог од околу 300 видеа кои постојано се надополнуваат.

Освен претплатата на профилот што секоја девојка ја одредува по сопствена желба (тука поделбата на парите е 80/20 за моделот), креаторите имаат опција и за објавување на содржини за кои се доплаќаат дополнителни пари, исполнување нарачки за видеа или слики, наплаќање на размена на пораки со корисниците или собирање.

Иако бројот на фанови што секој креатор ги има собрано генерално се поврзува со тоа колку пари се заработува, има и случаи на девојки (Џејд Никол) кои со само 1.000 претплатници заработиле над милион долари (во период од 26 месеци). Пример, Никол наплаќа месечна претплата од 25 долари, плус меѓу 10 и 75 долари за на некој претплатник да му испрати 5 до 20-минутно видео, и 10 до 15 долари за пакет видеа и слики. За 700 долари месечно, корисниците можат да купат ВИП пакет од нејзе кој вклучува секојдневно разменување пораки.

ЦЕО-то на компанијата во октомври 2022 соопшти дека за 6 години постоење им исплатиле вкупно 10 милијарди долари на над 2 милиони креатори.

27 февруари 2023 - 15:09