Светот без работници

Човештвото е на пат да стане технолошки вишок

Како што во времето кога се појавиле автомобилите никој не верувал дека ќе престанеме да ги користиме коњите за работа, така и денес сите се исмејуваат на тоа колку се несмасни и ограничени денешните роботи во вршење на некоја работа.

Како што механичките мускули (машинеријата) ги заменуваат човечките мускули, така и механичкиот мозок (програми, алгоритми) ќе почне да го заменува менталниот труд.

Разликата меѓу денешната ситуација и сите претходни индустриски револуции во текот на човештвото, е што до сега луѓето создаваа алатки кои зависат од нас за да завршат некоја работа, а денес почнаа да се создаваат интелигентни машини кои не се исклучиво за една работа, и кои самите учат што и како треба да сработат.

Што се однесува за коњите, автомобилите и луѓето:

"Нема економско правило кое вели: 'Подобрата технологија создава подобри работни места за коњите.' Ова е шокантно глупо дури и да се каже, ама замени го коњи со луѓе и одеднаш луѓето мислат дека ова е точна теорија," објаснува авторот на анализата "Humans need not apply."

14 август 2014 - 10:53