Ако падне Германија, ние ништо подобро нема да поминеме

Една од најопасните дебати што почнува да се отвора во Германија не е ни за Русија, ни за родови, ни за екологија, ни за нуклеарни централи, туку е за пензија, и како би сакале да се пензионирате на 70 години?

Кревањето на границата за пензионирање би било магичното решение за два големи германски проблеми - недостаток на работна сила во земјата и недостаток на пари во пензискиот фонд.

Во првиот квартал на 2022 Германија пријави рекорден број од 1,74 милиони слободни работни места, што е најголем број од обединувањето пред 30 години.

Проблем е и недостатокот на младо население во земјата. Од вкупната популација само 10% се на возраст меѓу 15 и 24 години, споредено со 20% над 65 години. Моментално и стапката на новороденчиња во земјата е премногу ниска за да може да компензира.

Во ваква ситуација, веќе почна да се бара покачување на границата за пензионирање на 70 години. Од ваквиот предлог, од Федерацијата на германски работодавци, веднаш се накострешија синдикатите, социјалните групи и левичарите.

Предлогот доаѓа во посебно избувлива ситуација во Германија која моментално е во процес на кревање на границата за пензионирање од сегашните 65 на 67 години, за сите родени после 1967.

Актуелниот министер за труд отфрли каква било расправа за кревање на границата за пензионирање.

30 август 2022 - 09:32