Русија се разбуди од Нова година

Со комплетно неверување, лондонски Гардијан вака го почнува текстот: "Додека во најголемиот дел од светот, Новата година значи свеж почеток, време за новогодишни одлуки, зачленување на фитнес и ветување за поголема продуктивност, во Русија таа означува две недели пиење без престан."

"Земјата само што почнува да се буди од својата последна пијанка која започна на вечерта за Нова Година, а неофицијално заврши со втората прослава за Нова година во неделата."

Раскажувајќи го она што ние веќе го знаеме, Гардијан објаснува дека Русија "отворила" дури на 9-ти јануари, а заради продолжените празници, се проценува дека руската економија има изгубено речиси 24,1 милијарди евра.

Според првиот човек на рускиот Истражувачки центар на федералниот и регионалниот пазар на алкохол, Вадим Доброз, во овој период просечниот Русин потрошил околу 300 евра на алкохол.

Медицинскиот истражувачки центар Норма, проценува вкупно 142 милиони Руси испиле повеќе од 1,5 милијарди литри алкохол за време на празниците. Од ова 100 милиони шишиња пиво, 100 милиони шишиња шампањ и 250 милиони шишиња вотка. На ова треба да се додаде и кусурот од 80 милиони шишиња вино, 10 милиони шишиња конак и 1,5 милиони шишиња рум, џин, текила, виски.

16 јануари 2013 - 12:12