Никој не треба вака да изгледа

Генералниот консензус е дека метамфетаминот е лош, како што и сите други дроги се лоши. Да нема забуна, мет е веројатно меѓу топ 3-те најразорни дроги што постојат.

На страна што го менува однесувањето на зависниците, оваа дрога комплетно го уништува нивниот физички изглед, од лицето и устата до внатрешните органи и мускулите.

Моментално 0,2% од популацијата на САД (439.000 лица) се зависници од оваа дрога. Просечната возраст на овие зависници е 17,8 години.

Во 2011-та се запленети 2.467 килограми мет, што е доволно за 3.944.621 дози. Последните процени од 2001-ва се дека годишното производство на мет во светот е меѓу 120 и 167 тони.

 

4 декември 2012 - 14:49