Германците не се способни за уживање

Со ниска стапка на невработеност и солиден економски раст, работите и не се така лоши за Германците, освен што најверојатно имаат генетски проблем со уживањето во животот.

46% од Германците изјавиле дека заради стресот на секојдневниот живот и чувството дека постојано се достапни, се повеќе не можат да уживаат во што било. Ваквиот проблем го имале и помладите испитаници, од кои 55% изјавиле дека се чувствуваат како да ја изгубиле способноста уживаат.

"Нашиот ген за задоволство се повеќе се расипува, ние имаме заборавено како да уживаме," стои во заклучокот на истражувањето, спроведено од консултантската компанија Реинголд од Келн.

Германците не се оптоварени само со кризата, туку веројатно главната пречка е нивниот перфекционизам. За време на групните и индивидуалните интервјуа, истражувачите анализирале како испитаниците го чувствувале задоволството. Тие ги зеле во предвид и анкетите на околу 1.000 луѓе, спроведени од компаниите Diageo и Pernod Ricard.

81% од испитаниците изјавиле дека најмногу се чувствуваат задоволни кога претходно успеале да постигнат нешто. Иако 91% изјавиле дека задоволството прави животот да се исплати, само 15% можат да се сетат на моменти во кои биле навистина среќни и успеале да заборават на своите грижи.

"Луѓето често пати ни кажуваа дека ќе се приберат дома по напорен ден, и повторно не можат да кажат дека нешто постигнале. И потоа луѓето околу нив ќе им кажат 'Само опушти се.' Тогаш уживањето им станува обврска," објаснува психологот од Реинголд, Инес Имдал.

Инаку патот на Германецот до уживањето, почува со чувството дека нешто заработиле. По ова следува подготовката за уживањето, како на пример закажување во салон за велнес. По што доаѓа најголемиот проблем: да се опуштиш и да си го прочистиш мозокот. Последното им успевало само кога ќе надвладее изненадувачки позитивен момент.

Дел од интервјуираните изјавиле и дека не успеале да се опуштат дури ни за време на секс. Голем дел од нив признале дека постојано низ глава им минувале сцени од филмови или реклами.

25 мај 2012 - 16:58