Марсовците имаат аква парк

Научниците на Марс пронајдоа молекули кои можат да се формираат само во присуство на вода. Иако не наидоа на барем вир вода, ова е уште еден знак дека на Марс можеби некаде жубори.

За време на летните месеци низ кањоните и ѕидовите од кратерите на Марс протекува течна вода, а тенкиот млаз зад себе остава долги темни флеки кои во летните месеци можат да достигнат и стотици метри должина, пред да се исушат во есента.

По процените на научниците од Универзитетот Аризона, остатоците покажуваат дека се од неодамнешно присуство на вода, "неодамнешно" во смисла "денови, или така нешто."

"Ова е директно откритие на вода во форма на хидрација на соли. Речиси сигурно во скоро време тука морало да е присутна течна вода за да се создаде хидрирана сол," објаснува професорот по планетарна Геологија, др. Алфред С. МекИвен.

Пред ова откритие, се знаеше дека Марс на своите почетоци, пред милијарди години, бил преполн со реки, езера, а можеби и океан. Втора работа што ја знаат научниците е дека на Марс има големи количини на вода која е смрзната на половите на планетата.

Сондите на Марс во минатото повеќе пати испраќаат фотографии на кои има долгнавести тенки темни линии. Овие линии се појавуваат само во периодот од доцна есен до рана пролет. Истражувачите се одлучуваат да искористат еден од инструментите на Марс Орбитерот за хемиска анализа на овие текови. Тие преку линиите минуваат со инфра-црвено светло. Кога биле присутни темните линии, што сега се толкува дека површината била влажна, научниците детектираат и "инфрацрвен потпис на хидрираните соли," што е доказ дека таму имало присуство на вода.

Текот се појавувал само во периодот кога температурата на Марс се кревала над -23 степени Целзиусови, а токму солта е она што и дозволува на водата да тече на вака ниски температури.

Токму местата на кои што се најдени остатоците од соли, веќе се разгледуваат како почетни локации за потрага по вонземјански живот и за идните човечки мисии на Марс.

Пред ова да се случи, научниците треба да утврдат од каде доаѓа водата. Тргнувајќи од тоа дека водата мора до дојде или од долу или од горе, тие за сега имаат три теории:

- порозните карпи под површината содржат во себе замрзната вода која се топи во летните месеци и излегува на површината.

- на површината има карпи кои содржат пренослива форма на вода во себе, која на одредена температура се разлева како тенок млаз.

- солта на површината на Марс апсорбира вода од атмосферата се додека не се акумулира доволно за да почне да тече.

28 септември 2015 - 19:09