Вештачката интелигенција ни го даде „новиот“ Револвер од Битлси

Ремикси лесно се прават ако секој инструмент го имаш засебно на канал. Но, Битлси за некои рани албуми имале само 4 канална миксета, па на секој канал се ставани по неколку инструменти. Како да треба торта да „отпечеш“ за да дојдеш до нејзините основни состојки.

Првично користена за феноменaлната документарната серија „Гет бек“ на Питер Џексон (Господар на прстените) а подоцна и за „оживување“ на дуетот Ленон-Макартни на фестивалот во Гластонбери, технологијата за аудитивно раслојување базирана на вештачка интелигенција му овозможи на Џилс Мартин, син на легендарниот продуцент Џорџ Мартин, да направи нов стерео микс на култниот албум на Битлси, „Револвер“.

Тој зад себе има ремикси на повеќе албуми од Битлси (меѓу кои и „Белиот албум“, „Аби Роуд“ и „Лет ит би“) но за постарите албуми тоa не билo можно затоа што што Битлси тогаш имале на располагање миксета со само четири канали. Тоа значи дека на еден канал се снимени повеќе инструменти што ги прави неподобни за понатамошна обработка.

Питер Џексон, неговата продукција и нивните експерти за машинско учење и вештачка интелигенција знаат како.

Мартин за илустрација направи аналогија со торта која треба да се „отпече“ за да се дојде до нејзините основни состојки - брашно, јајца, шеќер... - што му овозможило да ги земе песните од „Револверот“ и повторно да ги состави, на поинаков начин.

Пол Макартни ја претстави технологијата на Гластонбери, преку изведба на песна од „Лет ит би“ - албум снимен во 1970-та година - „соработувајќи“ со виртуелен Џон Ленон кој делува свежо како и на легендарната свирка на кровот од 1969-та. 

Новото специјално издание на „Револверот“ ќе биде објавено на 28-ми октомври на ЦД, винил а ќе биде достапно и дигитално

17 октомври 2022 - 11:51