Заверата на МИ5 против Стоунси

По директива на ФБИ, британската тајна служба разработува цела завера како да ги собори Стоунси и да ги заглави во затвор.

Целата работа ја почнува COINTELPRO (Counter Intelligence Program) одделот на ФБИ, кој во 1967-ма се фокусира на негативното влијание на рок музиката врз американската младина. Во ова време Стоунси веќе имаат разработено имиџ на проблематични "лоши момци," кои се целосна спротивност на Битлси.

Клучен во целата работа е Дејвид Снајдермен, пропаднатиот американски актер кој Стонси го знаат како "Acid King" и кој одреден период ги подмирува нивните потреби.

Пред Снајдермен да им стане дилер на Стоунси, тој на влез во Британија е уапсен за шверц на дрога и е предаден на МИ5. Тогаш тајната служба му нуди спогодба на Снајдермен, кој во замена за слобода треба да почне да им продава дрога на Кит, Џегер и компанија и да ги намести пред полицијата.

Снајдермен успева да го привлече вниманието на Кит Ричардс, нудејќи му нов вид на ЛСД од Калифорнија. По успешното "запознавање," тој е поканет на викенд во Редландс, каде Стонси го снимаат новиот албум.

Како што е договорено тој викендот се појавува на во вилата, со актовка полна ЛСД. Еден ден подоцна, полицијата добива анонимен повик дека во вилата се користи дрога. Во акцијата се уапсени сите (комплетно несвесни) членови на Ролинг Стоунс.

1 октомври 2012 - 15:47