Како функционираат тантиемите во случајот на Ал Јанковиќ?

После 30 години, Ал Јанковиќ доживеа да види свој албум на првото место на Билборд топ листата. Како се решаваат парите од авторските права во случај на пародии и кој музичар упорно одбива да му даде своја песна на Јанковиќ?

Изминативе денови албумот на Ал Јанковиќ Mandatory Fun се искачи на врвот на Billboard 200, што се случува првпат во кариерата на овој син на југословенски гастарбајтер. Тоа е и првпат комичен албум да дојде на топ 1 после албумот My son, the Nut, на Ален Шерман.

На Mandatory Fun, го прави она што го прави најдобро, пародира хитови; "Happy" ("Tacky") на Фарел, "Fancy" ("Handy") на Иги Азалеа или "Royals" на Лорд.

Во правата недела од издавањето биле продадени 104.000 албуми. Каде се парите?

"Пародиите на песни можат да се сметаат за fair use," вели адвокат специјализиран за авторски права. "Тоа е различно од класична преработка на песна кога треба да се добие тн механичка лиценца од агенцијата Harry Fox и да му се дозволи на еден уметник да направи нова верзија на оригиналот".

Иако е легално чист, на Ал Јанковиќ му е важно да одржува добри односи со авторите чии песни планира да ги преработи  па со нив склучува договор, што му овозможува да ги осигура своите тантиеми на оригиналните текстови. Тие главно му даваат дозвола за зезање, затоа што тоа тој добро го прави и затоа што тоа добро се продава. Договорот со нив некогаш е паушал, а некогаш поделба на тантиемите. 

Постои еден музичар кој со години го одбива Јанковиќ и не му дава да пипне негова песна.

Принс. Не објаснува зошто. Во секој случај, тешко е дека некогаш ќе слушнеме како звучи Purple Drain.

28 јули 2014 - 09:35