Животот после Идол

Од 42-ца финалисти на Американски Идол, помалку од половина биле на турнеја во последните три години. Само 19 имаат снимено нова музика од 2013. Калеб Џонсон победникот од 13-та сезона, во првата недела по премиерата продаде само 11.000 примероци од неговиот прв албум по Идол.

За споредба на бројките на Калеб, Рубен Студард продаде 400 илјади примероци по победата во 2003-та. Она што е олеснително за Рубен е што тој победува за време на најголемите рејтинзи на шоуто. Во неговото финале беа собрани вкупно 24 милиони гласови.

Искуството на учесниците во шоуто, тие што стигнале до финале, е дека целиот процес е како да влегуваш во тренинг камп кој трае неколку месеци, и секој ден се газиш од работа, "да, бевме сместени во вилите што ги покажуваат на телевизија, ама не стигнавме да уживаме во нив, затоа што цело време требаше нешто да работиме."

Главната поплака на финалистите е дека Идолот им "наштетува," не во однос на популарност, туку затоа што ги мести за кариера која никогаш не ја ни посакувале. Конкретно, дека требало да го жртвуваат својот звук и изглед, за да и се допаднат на што е можно поголема публика.

"Американски идол е скратен курс по шоу-бизнис. Имаш шест месеци од почетокот на аудициите до финалето за да научиш како функционира бизнисот. Учиш како се промовираат песни и какви настапи можат да ти привлечат фанови. И ова наеднаш завршува. Сите ме знаат од Идол. Тоа не значи и дека биле фанови на мојата музика," објаснува Рубен.

Шоуто е сопственост на 19 Ентертејмент, секој учесник на шоуто потпишува договор со компанијата за да се појави на телевизија. Ако го издржиш целото шоу и 19 Ентертејмент има опција да го обнови договорот со тебе и да ти бидат менаџери. Како во случајот со неколку музичари, самото стигање до финале или победата на Идол, не значи и дека ќе добиеш договор.

За секој победник во шоуто клучно е што е можно побрзо да го издаде својот прв албум, додека публиката уште ја држи заинтересираноста околу него.

Со секоја нова сезона се повеќе се намалува привлечноста и капацитетот на телевизијата, како медиум кој ќе лансира нечија кариера. И самото шоу постојано губи публика од 2010-та. Во 2003-та финалето со Рубен го гледаат 38 милиони луѓе, за годинава бројката да падне на 8 милиони гледачи.

Статистиките од индустријата се дека 33-ца од 39 финалисти (без оние од 14-та сезона) имаат објавено албум, а од 42-ца финалисти 30 имале сингл на Билборд топ 200.

4 февруари 2016 - 09:38